Ракета „Space One“ експлодира по полетувањето од космодромот во Јапонија

March 13, 2024
1 min read

Сателитската ракета на „Space One“ експлодира денеска веднаш по полетувањето од космодромот во западна Јапонија.

На ракетата Каирос, долга 18 метри, дошло до грешка за време на лансирањето од вселенското пристаниште Кии во Кушимото, префектурата Вакајам, првата комерцијална локација за лансирање во Јапонија. Недолго потоа беше објавено дека се спроведени „мерки за прекин на летот“, пренесува Кјодо.

На местото на настанот се испратени локални пожарникари, а полицијата соопшти дека засега нема извештаи за жртви.

Проектилот експлодирал во воздух околу пет секунди по полетувањето, бидејќи фрагменти за кои се верува дека се од проектилот биле пронајдени расфрлани низ областа, а местото на настанот било покриено со бел чад.

Според прелиминарните извештаи, во експлозијата бил уништен владиниот сателит кој се наоѓал на ракетата.

Компанијата Space One, основана во 2018 година, се обидува да ги комерцијализира вселенските услуги со намалување на трошоците и нудење на лансирање ракети со висока фреквенција. Целта на компанијата е да испраќа 30 ракети годишно во вселената до 2030-тите. Лансирањето на првата ракета, првично закажано за најдоцна до крајот на март 2022 година, беше одложено четири пати поради пандемијата и логистички дефекти.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ердоган им порача на израелските лидери: „Не можете да нѐ спречите убијците да ги нарекуваме убијци“

Следно

Околу 4000 граѓани направиле увид во Избирачкиот список, рокот истекува на 18 март

Latest from Blog

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за

Кацарска: ЕУ е под притисок да го редефинира проширувањето – Црна Гора и Албанија во фокусот на новите дипломатски иницијативи

Дискусијата за проширувањето на Европската Унија добива нова динамика преку серија „нон-пејпери“ и предлози од државите членки, поттикнати од потребата за итно решавање на статусот на Украина, но и од притисокот да
Go toTop