Ердоган им порача на израелските лидери: „Не можете да нѐ спречите убијците да ги нарекуваме убијци“

March 13, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, рече дека Туркије вчера уште еднаш го повтори повикот за воспоставување независна држава Палестина, велејќи дека тоа е единствен начин да се плати долгот кон убиените палестински деца, јавува Анадолу.

„Сите имаме долг кон убиените палестински деца, а овој долг може да се плати само со воспоставување на независна држава Палестина“ рече Ердоган во своето обраќање пред амбасадорите во Анкара за време на ифтарот, вечерата по постот, како што го правеше тоа и досега во месец Рамазан.

Ердоган порача дека Туркије и во иднина ќе ги штити палестинските браќа, како што го правела тоа и досега, напоменувајќи дека никогаш нема да поклекне пред угнетувачите.

„Не можат да нѐ спречат убијците да ги нарекуваме убијци. Израелските лидери мора да одговараат за убиените бебиња во Газа, наместо да се обидуваат да ја прикриваат вистината за геноцидот“, рече Ердоган и додаде:

„Не можат да ни зборуваат за ништо оние кои ги убиваат цивилите додека чекаат во ред за храна.“

Претседателот Ердоган порача дека Туркије ќе продолжи да ѝ дава поддршка на Палестина во согласност со можностите.

„Ќе продолжиме да ја зголемуваме нашата помош преку нашите официјални институции, општини, фондации и здруженија во текот на месецот Рамазан“, рече турскиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајден и Трамп ги обезбедија претседателските номинации

Следно

Ракета „Space One“ експлодира по полетувањето од космодромот во Јапонија

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop