Путин: „Војната се ближи до крајот – СЕКОЈ КОЈ ЌЕ ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА СТАНУВА ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“

May 30, 2026
1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека ситуацијата на фронтот во Украина дава основа да се каже дека конфликтот во Украина завршува.

„Што се однесува до мојата изјава дека, според мене, конфликтот завршува – не го кажав тоа туку така, туку врз основа на анализата на ситуацијата на фронтот“, рече Путин на прес-конференција на крајот од неговата официјална посета на Казахстан, пренесува Спутник.

Тој рече дека не е можно да се наведат конкретни рокови за завршување на конфликтот во услови на борбени операции, како и дека руската армија е во офанзива на сите делови од фронтот во Украина.

Путин нагласи дека западните политичари сакаат конфликтот со Русија да продолжи, наведувајќи дека изјавите на европските политичари за подготовки за војна со Русија поради наводните агресивни планови на Русија се бесмислени.

„Тоа е лага, тоа е груба, дрска лага. Како што рече Гебелс, колку е поневеројатна лагата, толку побрзо луѓето ќе поверуваат во неа“, рече Путин.

„Западот нè измами“

Според него, Русија никогаш не им се заканувала и не им се заканува на европските земји, бидејќи политиката на Русија кон Западот не е агресивна. Како што рече, Русија сега е подготвена мирно да го реши украинскиот конфликт, како што отсекогаш било.

„Засега, Европа не предлага никого за посредник во преговорите со Русија, ако го стори тоа, ќе видиме. Кога го споменав Герхард Шредер, мислев дека може да му се верува“, рече Путин.

Тој оцени дека западните земји ја измамиле Русија тврдејќи дека НАТО нема да направи ниту еден чекор во правец на Исток.

Зборувајќи за украинскиот напад врз интернатот во Старобелиск, Путин рече дека новинарите треба да се засрамат што европските медиуми молчат за ова.

„Ниту еден збор, едноставно ниту еден збор за трагедијата во Старобелиск, за фактот дека деца загинаа, дека намерно ги убија нашите деца. Воопшто ниту еден збор, како да не постои. Што е тоа? Дали се тоа средства за масовно информирање? Не, тие се средства за масовно лудило“, рече Путин.

Путин рече дека рускиот напад врз регионот Киев бил одговор на украинскиот напад врз Старобелск и дека украинските напади продолжуваат.

Коментирајќи ги заканите од балтичките држави дека руските бази за воздушна одбрана во регионот Калининград ќе бидат срамнети со земја, Путин рече дека „Русија ги има сите средства да го срамни со земја секој што ќе се обиде да го стори тоа“.

Зборувајќи за можноста за лансирање беспилотни летала за напади врз Русија од Латвија, Путин рече дека сите места од кои доаѓа директна воена закана за Русија се легитимни цели.

„Сите места од каде што доаѓа заканата, директна, нагласувам, директна воена закана за Русија, претставуваат легитимни цели“, истакна Путин.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Војна во Ла Лига: Атлетико Мадрид ги “промовираше“ Јамал, Педри и Рафиња!(ФОТО)

Следно

Хрватот објави порака на полноќ: Модриќ се збогува со Милан?

Latest from Blog

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи

ВЛЕН: ДУИ им остави на граѓаните ветувања, ние им оставаме инфраструктура

Политичката коалиција ВЛЕН упати остри критики до ДУИ, обвинувајќи ја дека по две децении учество во власта се обидува да ги преземе заслугите за инфраструктурните проекти што денес се реализираат. Од ВЛЕН

ФЕРОИНВЕСТ СО НАЈГОЛЕМА ЖЕТВА НА ПЧЕНКА ДОСЕГА ЗА БИОГАСНАТА ЕЛЕКТРАНА ВО САРАМЗАЛИНО

Компаниите од групацијата ФЕРОИНВЕСТ годинава ја реализираа својата најголема жетва на пченка досега на земјоделските површини во Овчеполието, со најдобри резултати од почетокот на земјоделското производство на овие локации, како во однос

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.
Go toTop