Путин: Русија го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратегиското оружје

February 21, 2023
1 min read

Тој додаде дека Русија ќе изврши нови тестови за нуклеарно оружје доколку Америка го стори тоа

Русија го суспендира учеството во Договорот за намалување на стратегиското оружје (СТАРТ), изјави рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање во руската Дума.

Откако ги обвини НАТО и САД за недостиг на соработка, тој рече:

„Затоа сум принуден да објавам дека Русија го суспендира своето учество во Договорот за намалување на стратегиското оружје“.

Тој додаде дека Русија ќе изврши нови тестови за нуклеарно оружје доколку Америка го стори тоа.

„На почетокот на оваа година добивме барање за инспекции на нашиот нуклеарен арсенал. Ова е апсурдно. Знаеме дека НАТО е директно вклучен во нападите врз руските објекти и сили. Тие нè напаѓаат, а сакаат да воведат инспекции? Ова е апсурдно. НАТО и САД отворено кажуваат дека целта им е стратегиски пораз на Русија. Потоа очекуваат да ги пуштиме во нашите капацитети? Нуклеарниот арсенал не е само во САД, туку и во Франција и Британија. Сето ова оружје е насочено против Русија. Изјавите на нивните лидери тие го потврдуваат тоа. Тоа мора да го земеме предвид“,

рече Путин.

Првиот договор за контрола на нуклеарното оружје беше потпишан со САД во 1991 година. Потоа, нашите односи достигнаа такво ниво што САД и Русија рекоа дека повеќе не се сметаат за непријатели. САД го напуштија тој договор. Нашите односи пропаднаа, изјави Путин.

„Почнаа да ги уништуваат сите основи на светскиот поредок по Втората светска војна и чекор по чекор го уништуваат системот на светска безбедност и контрола на оружјето. Тие започнаа серија војни низ светот со иста цел – да ги уништат меѓународните односите по Втората светска војна. Од 1945 година ситуацијата се промени, тоа е објективен процес што не може да се игнорира. Она што е неприфатливо е што САД почнаа да го реструктуираат светскиот поредок во согласност со своите потреби“,

изјави Путин, додавајќи дека членките на НАТО сега велат дека Русија мора да ги послуша нивните барања.

„Нивните барања се или цинични или глупави. Тие не се глупави, тие сакаат да ѝ нанесат стратегиски пораз на Русија. Ви велам, не го напуштаме договорот засекогаш, го паузираме. Мораме да одредиме што сакаат Франција и Британија “,

рече Путин.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ќе се отвори Народна кујна во Маџир Маало, најави Герасимовски

Следно

Мицкоски: Во Свети Николе се реализирани 70% од тоа што е ветено на изборите, градоначалникот покажува дека може да се работи и реализира

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop