Путин нареди создавање „тампон-зона“ покрај руско-украинската граница

May 22, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес соопшти дека наредил создавање безбедносна тампон-зона покрај границата на Русија со Украина, јавува Анадолу.

„Донесена е одлука за воспоставување неопходна безбедносна тампон-зона по должината на нашите граници. Нашите воени единици моментално работат на оваа задача“, рече тој на владиниот состанок во Москва.​​​​​​​

Путин ги нарече методите на украинските трупи и странските платеници против Русија „терористички“.

„Обично, непријателот избира цели кои немаат воено значење – цивилни објекти, станбени згради и цивили. Неодамнешните инциденти се доказ за моите тврдења – за време на нападите со беспилотни летала и саботажните мисии, цивилните возила, вклучително и амбулантните возила и земјоделска опрема, се нишанети намерно“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Професор Марковски: Во Македонија доаѓа време на реконструкција на старите дотраени мостови

Следно

Ромеро прогласен за најдобар во Лигата на Европа оваа сезона

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop