ПСЖ го купува „Стад Д’Франс“ ?

1 min read

Откако „Л’Екип“, најугледниот европски спортски весник објави дека Пари Сен Жермен веќе има листа од десет имиња за засилувања во претстојниот летен преоден рок, во кој ќе потрошат сериозна сума на пари, уште повеќе „светците“ се подготвуваат за џиновска инвестиција и тоа во – стадион.

Париз не сака да им го продаде „Паркот на принцовите“, иако ПСЖ имаше сериозен план и за реконструкција и за проширување, но градските власти ги одбија, па сега има две опции да гради нов стадион во следните пет години или да купу друг стадион во случајот со „Стад ‘Франс“, најголемиот париски стадион каде игра репрезентацијата.

Според информациите на париските медиуми, ПСЖ преку еден вработен во администрацијата дознале дека клубот ќе учествува во јавното наддавање за купување на „Стад Д’Франс“, кој беше изграден за СП 1998 година, а во мај беше домаќин на финалето во Лигата на шампионите.

Владата за најголемиот стадион бараат 647 милиони евра, колку што го проценила во 2021 година, а тој кој веќе е во функција 25 години, но наводно цената е падната и дека за пола милијарда евра може да биде купен. Понудите за купување на стадионот се собираат до 27 април и потоа до крајот на 2023 година ќе бидат анализирани пред да се донесе конечната одлука.

Новиот сопственик стадионот би го добил во 2025 година, односно после ЛОИ во Париз кои ќе се одржат во 2024 година.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Фото: Неодговорните сопственици дел од проблемот со бездомните кучиња, „Лајка“ со шест заловувачи на терен

Следно

Двојно виножито на небото над Скопје

Latest from Blog