Психијатриската болница „Бардовци“: Само девет психијатри лекуваат 300 пациенти

June 8, 2026
1 min read

Екипата на „Фокус“ успеа да влезе во Психијатриската болница „Бардовци“, каде што во моментов има 298 лежечки пациенти. Услови под секое човечко достоинство, прозорци без стакла, руинирани простории, насилство што тешко се превенира поради недостигот од персонал. Живот во хорор и мизерија, пациенти заборавени и од своите најблиски, а како што знаат да кажат дел од вработените, заборавени и од Господ. Некои се таму и по 40 години.

Овие страшни зборови постојано ни одекнуваат во главата откако внатре се соочивме со реалната слика, со тешкиот и недостоинствен живот, агресивните, но и уплашени очи на дел од хоспитализираните.

Некои се таму повеќе од 40 години, поточно најстариот пациент повеќето од својот живот, од далечната 1979 година го поминал зад затворените врати на Бардовци. Неговиот втор и единствен дом. Не само тој, повеќето од нив се оставени сами на себе. Никој од нивните семејства, откако ги ставиле под клуч во болницата, не прашале, а ниту пречекориле да ги видат и да поразговараат со нив. Ниту за момент, ги „фрлиле“ и ги заборавиле дека постојат.

Најпрвин ги посетивме одделите за ургентна и Одделот за акутни состојби, кои функционираат од 2013 година. Таму се сместени пациентите кои се поагресивни, а постои и една соба за изолација во која циркулираат различни пациенти, во зависност од нивната моментална здравствена состојба.

Тоа што го видовме беше вознемирувачки. Во такви услови не се чуваат ни животни, а камоли човечки суштества. Самата соба за изолација е сосема мала, четири ѕида, во која има само еден кревет, ако може да се нарече кревет, со раскинат душек. По ѕидовите на собата може да се забележи дека некои од пациентите што биле сместени таму, гребеле со своите раце, па на тој начин го искажувале својот револт и агресија.

Но, тоа не е сè. Веднаш до изолираната соба се наоѓа уште една просторија, во која се гледа дека живее жена, која се потрудила на некој начин да ја прилагоди како да е во домашна атмосфера. Стара, нечиста и распадната соба, но внатре полна со цвеќиња, која ги одгледува моменталната домаќинка и држи се под клуч, немој случајно некој да ѝ украде нешто.

Штом се доближивме до нејзиното импровизирано живеалиште, таа дојде со брзина на светлината и со молба од докторката и медицинската сестра на тој оддел да дозволат да ја разгледаме нејзината „куќа“. Таа во психијатриската болница „Бардовци“ е од пред 11 години, поточно од 2015 година, откако претходно си го убила сопственото дете. Различни пациенти со различни судбини.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трет ден од 29-от Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, во организација на ФУЕН и Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Следно

Путин доби ултиматум од Европа

Latest from Blog

Нетанјаху оди кај Трамп со доверливи информации: „НОВА ЕСКАЛАЦИЈА Е НЕИЗБЕЖНА“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да презентира нови разузнавачки податоци за напорите на Иран да ги обнови своите воени и нуклеарни програми за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во

Индонезија на нозе- спасени се 11 европски туристи од потонат брод, нема ни трага од капетанот

Индонезиски спасувачи денеска пронајдоа 11 преживеани европски туристи и еден член на екипажот откако нивниот глисер потона поради лоши временски услови во заливот Томини кај островот Сулавеси, но потрагата по 29-годишниот капетан

Ќерката на жената која прегази куче од Улцињ тврди: Шарпланинецот го распарчи нашето куче и нè нападна

Ќерката на жената од Македонија која беше уапсена во Улцињ, откако со автомобил прегази куче, тврди дека шарпланинецот најпрво го нападнал и усмртил нивното куче, а потоа ги нападнал и членовите на

Инфатино испратил писмо до Аргентина

gianni_infantino x Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му честиташе на првиот човек на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија, за настапот на тимот на големиот турнир, иако „гаучосите“ останаа без трофеј во финалниот

Американците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците

Предупредувањето е издадено врз основа на дојава дека танкер и воени сили биле вклучени во инцидентот. Речиси истовремено, Асошиејтед Прес објави дека Американската централна команда (CENTCOM) го онеспособила моторниот танкер „Лавин“, кој
Go toTop