Прва пленарна седница: Има напредок во родовата еднаквост, но постојат уште многу предизвици со кои мора да се соочуваме

March 8, 2023
4 mins read

Родовата еднаквост не е само морален императив, туку и економска и социјална неопходност. Постои подобрување, но уште сме далеку од целосна реализација на еднаквоста. Правата не жените мора да бидат вклучени во сите креирања на политиките, а само со сеопфатен пристап може да очекуваме да се направи значаен исчекор во вистинското реализирање на родовата еднаквост.

Ова беа дел од пораките кои денеска ги пренесоа пратеничките на собраниската седница исклучиво посветена на унапредување на родовата еднаквост, кога истовремено се одбележува и 20-годишнината од формирањето на Клубот на пратенички.

На дневен ред беше Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во Република Северна Македонија.

Според пратеничката на Демократската унија за интеграција Рина Ајдари, не само денеска, туку секој ден треба да бидеме сплотени со сите жени за да се бориме за своите права во целиот свет. Таа вели дека имаме напреднато многу во сферата на еднаквоста, посебно, како што рече, кога гледаме зголемување на учеството на жените во политика, во образование и други сфери, но сме свесни дека се уште има нееднаквост и истата ние ја чувствуваме во дигитализација, информатика и во многу други општествени сфери.

-Според многу статистички податоци и истражување се вели дека во последните години статусот на жените во нашата земја, во Европа и на глобално ниво има евидентно подобрување, но се уште сме далеку од целосна реализација на еднаквост. Сме унапредени многу во овој аспект, посебно кога гледаме зголемување на учеството на жените во политика, во образование и други сфери, но сме свесни дека се уште има нееднаквост и истата ние ја чувствуваме во дигитализација, информатика и во многу други општествени сфери, рече таа.

Ајдари потенцира дека ниската застапеност на жените во сите нивоа во институциите е еден демократски дефицит кој што ја минира легитимноста на современа демократија, бидејќи, како што рече, демократијата во контекст на еднаквоста и промовирање на жената во одлучувачки места се важни нешта во делувањето во една држава и голем национален идеал. Според неа, целосна еднаквост ќе се постигне кога сите ние заедно ќе бидеме дел на промоција и заштита бескомпромисно бидејќи ова подразбира постигнување на највисоко ниво на демократија.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање потенцираше дека правата на жените се основно човеково право.

Според Ласовска, мора да работиме на зголемување на бројот на жените во извршната власт и бројот на жени градоначалнички. Таа потенцираше дека ќе побараат да се донесат одредени заклучоци, кои ќе придонесат кон остварување на овие цели.

Ласовска напомена дека Клубот на пратеничките мора да биде погласен за подобрување на условите на животот на жените во руралните средини, сензибилизирање на институциите, третманот и правата на самохраните родители, заштита на работничките права во случај на бременост и дискриминација при вработување и кршење на нивните права.

-Мора да продолжиме да бараме поефикасни механизми за спречување на домашното и родово базираното наислство. Системот да функционира и да биде ефикасен кога жртвите бараат помош. Клубот во многу прилики бараше да се осудат и да се санкционираат сите облици на говорот на омраза присутен во јавноста, особено во електронските медиуми, насочен кон жените и таа борба мора да продолжи, ако сакаме младите генерации на жени да се вклучат во политиката, рече Ласовска.

Но, според неа, осудата на говорот на омраза станува селективна и не доволно транспарентна. Ласовска повика сите да бидеме заедно против говорот на омраза, сексизмот и мизогонијита.

Пратеничката Маја Морачанин од ДОМ смета дека ако се продолжи на ваков начин да се унапредува родовата еднаквост, на светот ќе му требаат 286 години за да ја постигне целта – родовата еднаквост.

-Борбата за родова еднаквост, мерките, активностите кои се преземаат мора да бидат сменети. Очигледно начинот на кој светот до сега се бореше со родовата нееднаквост и се залагаше за родова еднаквост и права на жени, не е доволно ефикасен и ефективен. Родовата еднаквост и правата не жените мора да бидат вклучени во сите креирања на политиките и спроведување на тие политики во секоја област од јавното живеење. Само со сеопфатен пристап може да очекуваме дека може да се направи значаен исчекор во вистинско реализирање на родовата еднаквост, порача Морачанин во Собранието.

Таа напомена дека во Собранието се донесоа добри законски решенија, но она што останува е имплементацијата на овие закони, а тоа е нашата слабост. Како што рече, направени се позитивни промени, но имаме долг пат и уште многу предизвици со кои мора да се соочуваме.

Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП од собраниската говорница порача дека борбата против современиот патријархат уште не е завршена.

-Денес ја славиме нашата храброст, нашата сила и нашата издржливост. Родовата еднаквост не е само морален императив, туку и економска и социјална неопходност. Мораме неуморно да продолжиме да работиме на зајакнување на статусот на жените и девојките за да се осигураме дека го имаме она што ни е потребно, а тоа е еднаквост, рамноправност, правда, слобода, безбедност, образование, сигурна здравствена заштита и ресурси кои ни се потребни за да напредуваме. Мора да работиме на свеста за значењето на жената, рече Зајкова. Таа ги повика жените да присуствуваат на маршот кој ќе се одржи подоцна во текот на денот.

На крајот на седницата, предлог-заклучоците од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, беа усвоени со 63 гласови „за“.

На предлог на Клубот на пратенички, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите му предложи на Собранието на Република Северна Македонија да ги усвои заклучоците – Измена и дополнување на Изборниот законик во правец на постигнување на целосна родова еднаквост на листите за пратеници и советници; Измена и дополнување на Законот за Владата преку воведување на најмалку 40 проценти од помалку застапениот пол во извршната власт; Измена и дополнување на Изборниот законик и воведување квота 30 проценти помалку застапениот пол за избор на градоначалници; Усвојување на Законот за родова еднаквост и формирање на Секретаријат до крај на 2023 година; Донесување на родово-сензитивен деловник за работа на Собранието до крај на 2023 година; Законско регулирање на интернет просторот за спречување на говорот на омраза; Следење на имплементацијата на законските решенија поврзани со родовите прашања согласно со Планот за родови-сензитивно Собрание 2022-2024 година. Овие заклучоци ќе бидат доставени до Владата.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Герасимовски со порака до дамите: Останете трудољубиви и борбени за вашата видливост и признавање на успесите

Следно

Бугарија и натаму со најголема смртност во ЕУ

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на
Go toTop