БУГАРИЈА ОСТАНА ЦЕЛОСНО БЕЗ СТАБИЛНА ВЛАСТ: Собранието во хаос, сега оставка даде и претседателот Радев

January 19, 2026
1 min read

Претседателот на Бугарија Румен Радев во вонредно обраќање до нацијата, поднесе оставка од функцијата. Тој се одлучи на ваков чин на датумот на кој положо заклетва за својот втор мандат пред 4 години.

Денеска би се обраќам како претседател за последен пат. Прво сакам да ве замолам за прошка, времето ја тестираше вашата доверба, затоа ви благодарам за вашето трпение“, изјави Радев.

Во вторник тој ќе ја предаде оставката до Уставниот суд, а неговата позиција ќе ја преземе потпретседателката Илијана Јотова.

Убеден сум дека Јотова ќе биде достоен шеф на државата. Сакам и на неа да и се заблагодарам за поддршката во овие девет години. За овие девет години како потпретседател и претседател, докажавме дека можеме да работиме синхронизирано кога имаме цел. И убеден сум дека Јотова ќе биде достоен претседател“, рече Радев.

Радев извести што се случило во последните девет години, напоменувајќи дека Бугарија се приклучи кон Шенген и еврозоната, но објасни зошто постигнувањето на овие цели не донесе стабилност и задоволство, затоа што излезноста на граѓаните опаѓа и зошто луѓето не му веруваат на судскиот систем.

Одговорот лежи во лошиот систем на управување. Има надворешни знаци на демократија, но фунцкионира според механизмите на олигархијата. Политиката се случува надвор од институциите“, изјави Радев.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мароко ќе го тужи Сенегал по повод финалето на Африканскиот куп

Следно

Легендарниот рагби играч Том Брејди отворено зборува за процесот на развод од убавата Жизел

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop