Провинцискиот центар Дера под контрола на опозицијата

December 6, 2024
1 min read

ДЕРА (АА) – Центарот на сириската провинција Дера на границата со Јордан се најде под контрола на опозициските групи кои се судрија со силите на режимот на Башар АЛ Асад, известува Анадолу.

Воената опозиција, кои презедоа акција против режимските сили во провинцијата Дера на југот на земјата, напредуваат со заземање голем број населени места и воени точки во селата.

По жестоките судири, опозициските групи ја презедоа контролата врз центарот на провинцијата од режимските сили.

– Дера – провинцијата во која се запали фитилот на народното востание

Градот Дера има историско значење бидејќи беше едно од местата каде што се роди антирежимски отпор за време на граѓанската војна што избувна во Сирија во 2011 година, кога движењето што започнаа со барањата на народот за слобода беше насилно потиснати од режимот.

Народното движење започна во Дера, во јужна Сирија, кога група студенти на 15 март 2011 година на училишниот ѕид напишаа „Еј докторе (Башар Асад), сега тебе ти е редот“.

Во Дера доминираше опозицијата во периодот 2012-2018 година.

Режимот на Асад, повторно зајакнат од терористичките групи поддржани од Иран и руската воена интервенција, започна копнен напад врз регионот во јуни 2018 година.

Режимот на Асад објави дека ја зазел целата провинција Дера во јули 2018 година.

Откако градот падна под контрола на режимот, илјадници опозиционери и нивните семејства од регионот беа принудени да мигрираат на северот на земјата.

– Случувања во Сирија

Конфликтот започна меѓу силите на режимот на Асад и антирежимските вооружени групи на 27 ноември во западните села на провинцијата Алепо во северна Сирија.

Антирежимските групи, кои на 30 ноември го зазедоа поголемиот дел од центарот на Алепо од режимските сили, истиот ден ја презедоа контролата над целиот Идлиб.

По жестоки судири групите го зазедоа центарот на градот Хама од режимските сили на 5 декември.

Антирежимските групи почнаа да напредуваат со заземање на некои населени места во провинција Хомс која е од стратешки важната за главниот град Дамаск.

Центарот на округот Тел Рифат беше ослободен од тероризмот за време на операцијата „Зора на слободата“ што ја започна Сириската национална армија против терористичката организација ПКК/ЈПГ на 1 декември во руралните предели на Алепо.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дожд до вторник- УХМР со најнова прогноза (ФОТО)

Следно

Проблематичното дете од ОУ „Лазо Ангеловски“, ќе следи онлајн настава од дома

Latest from Blog

Го убил очувот со багер и веднаш го закопал

Сплитската полиција добила пријава непосредно пред 19 часот дека во градот Сеоце, во околината на Омиш, е извршено тешко кривично дело, тешко убиство. Како што неофицијално дознава „Слободна Далмација“, уапсен е млад

Легендата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло ќе работи за Мекларен

Најуспешниот претседател во историјата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, сега работи за Мекларен, иако станува збор за матичната компанија на тимот од Формула 1, „Мекларен Груп Холдингс Лимитед“. Лука, под чие водство

Мицкоски: По седум изгубени години – времето на Македонија допрва доаѓа!

По повод една година од владеењето на Владата, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави видео на својот фејбук-профил во кое вели дека по изгубените седум години, најдоброто доправа доаѓа.  Ви

Во Белград заврши литературното попладне одржано од студентите кои се противат на блокадите

Поддржувачите на властите во Србија се наоѓаат покрај шаторите поставени на платото пред зградата на Собранието каде одржаа литературното попладне организирано од Студенти 2.0 (Студентите кои се противат на блокадите). Во обраќање

Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата

Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето утре во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен
Go toTop