Протести на Тетовскиот универзитет поради Бујар Османи

March 14, 2024
2 mins read

Со обвинувања за политизација на Тетовскиот универзитет и кршење на нивното право како студенти да учествуваат на денешната дебата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, подмладокот на Европскиот сојуз за промени протестираше пред вратите на универзитетот. Тие ги обвинија институцијата и Османи дека во текот на ноќта утврдиле кој може, а кој не може да учествува на денешната дебата.

„Овие се дојдени за нивни лични и политички интереси. Студентите беа избрани кој може да влезе на универзитетот, односно само оние кои припаѓаат на ДУИ. Ние сме против ова затоа што и ние сме студенти и ги сакаме нашите права, не само тие што припаѓаат на ДУИ да го пречекат Бујар Османи, така селектирани. Поради вакви работи младите си заминуваат од нашата земја, тие се причината иако се дојдени за да покажат дека работите се подобри“, вели Бергин Ислами, Студент.

Но и покрај ваквите обвинувања од подмладокот на Европскиот сојуз за промени, министерот за надворешни работи Бујар Османи, за предавањето рече дека не е политичко.

„Не сум овде како кандидат бидејќи сè уште не сум номиниран, знаете дека номинацијата се прави на 18 март, јас сум тука како министер за надворешни работи и ова е дел од активноста што ја започнав порано, држам предавања по невладини, разговараме со луѓе за следниот циклус по универзитетите, се разбира, од каде ќе почнам ако не од Тетовскиот универзитет, мајката на универзитетите на албански јазик во Северна Македонија, па ќе биде и на другите универзитети. Ова нема ништо со партиска активност бидејќи тука сум како министер за надворешни работи“, рече Османи.

Но, за доаѓањето на Бујар Османи реагираа и професорите на тетовскиот универзитет. Професорот Башким Зибери обвинува дека ДУИ го претворила Универзитетот во свое партиско седиште и дел од политичката агенда.

„Можам слободно да кажам дека УТ официјално влезе во агендата на секојдневните пазари и дискусии за дневни политики. Неколку пати сум апелирал, но овие апели се игнорираат. Не може денеска Бујар Османи да дојде и да зборува за останување на младите тука кога 20 години нема стратегија или програма за задржување на младите или за враќање на мозоците од странство“, рече Зибери.

Професорот Аријанит Река наведе дека екстремната политизација на Универзитетот во Тетово главно е поврзана со тоа што неговите раководители си имаат свои долгови кон политиката, па му даваат разни награди на секој политичар од ДУИ.

„Не мислам дека универзитетот е крајно политизиран, туку тотално политизиран. Не се однесуваат како универзитетот да е сопственост на народот, туку како да добиле документ од катастарот и го имаат како своја сопственост. Тоа не е нешто што го сакаме, воопшто не ни се допаѓа и за тоа треба да објасни раководството. Пред неколку дена се случи УТ да му даде награда на техничкиот премиер, што е неприфатливо да се даде таква национална награда за таа личност. Да беше награда што ја доделува Министерството за одбрана за посветеност на АРМ или ЈНА, да, но за наука да му се доделува во Универзитет, тоа е неприфатливо“, изјави Аријанит Река, професор на ДУТ.

Доделувањето награди од универзитетскиот Сенат на политичари не е првпат. Започна со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, кој на 17 декември 2020 година стана почесен доктор Doctor Honoris Causa, а потоа продолжи со Талат Џафери, кому му беше доделена националната награда „Фадил Сулејмани“. Ваква пракса за одликување на политичари со академски награди немаат ниту универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, ниту „Гоце Делчев“ ниту пак приватните универзитети во земјава.

Башким Сулејмани

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсена е криминална група која криумчарела мигранти од Непал и Сирија

Следно

Столтенберг: Членките на НАТО не ѝ даваат доволно муниција на Украина

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop