Пронајдени потенцијално доверливи документи во поранешната канцеларија на Бајден

January 10, 2023
1 min read

Адвокатите на Бајден ги испратиле документите до Националниот архив, кој го упати предметот до Министерството за правда поради нивната чувствителна природа

Американското Министерство за правда разгледува потенцијално доверливи документи од времето кога Џо Бајден беше потпретседател на САД, пронајдени во неговата поранешна канцеларија во невладина организација во Вашингтон, соопшти Белата куќа.

Адвокатскиот тим на Бајден во ноември открил околу десет досиеја документи во заклучен кабинет во „Пен Бајден Центарот“ во Вашингтон, рече негов адвокат посочувајќи дека тие се предадени на Националниот архив.

Адвокатите на Бајден ги испратиле документите до Националниот архив, кој го упати предметот до Министерството за правда поради нивната чувствителна природа.

„Белата куќа соработува со Националниот архив и Министерството за правда во врска со откривањето на, како што изгледа, административните записи на Обама-Бајден, вклучително и мал број документи со доверливи ознаки“,

се вели во соопштението на канцеларијата на советникот на Белата куќа.

Телевизијата „Си-би-ес њуз“ објави дека ФБИ е вклучено во истрага за доверливи документи пронајдени во невладината организација, а од американскиот државен обвинител Мерик Гарланд е побарано да ги разгледа документите.  

Извор запознаен со ова прашање изјави за телевизијата дека серијата документи не содржат нуклеарни тајни, биле во папка во кутија со други некласифицирани документи, а не е наведен степенот на нивната класификација и доверливост.  

Бајден, кој беше потпретседател на САД за време на мандатот на Барак Обама од 2009 до 2017 година, со 2020 имаше канцеларија во просториите на невладината организација, што се наоѓаат на околу еден километар од Белата куќа.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Протекуваат автобусите на ЈСП, граѓаните прашуваат дали да седат со чадор внатре

Следно

Патнички автобуси ја поминаа границата на Русија и Кина првпат од 2020 година

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop