Промоција на монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин во Вевчани

August 14, 2023
1 min read

На 15 август, во 19 часот, во црквата „Свети Никола“ во Вевчани, во рамките на културната манифестацијата „Вевкул“, ќе биде промовирана монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин. Моногафирјата е издание на „Бата прес“ и на промоцијата за неа ќе зборуваат Мишо Китаноски, писател, новинар и публицист, Ефтим Клетников македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач кој е и рецензент на делото, како и историчарот д-р Павле Митревски, универзитетски професор во пензија.

Книгата е полемична. Драган Поповски-Стојнин со многубројни документи, ги оспорува тезите на поранешниот пратеник на ДУИ Бранко Манојловски и на неодамна починатиот д-р Бранко Синадиновски за етничката и верската припадност на жителите од овој крај. Имено, тие тврдат дека во Кичиница живеат православни Албанци.

Станува збор за монографија која е плод на долгогодишна подготовка и во која се истражува историјата на Кичиница, на селата во Горна Река, топонимите низ историјата, јазикот, христијанската вера, обичаите, црквите, манастирите, празнувањата на црковните празници, традиции, како и за отпорот на горнореканците и Македонците кон однародувањето…

Во голем дел од монографијата „е претставено историското минато, милениумскиот континуитет на опстојувањето на Македонците на Балканскиот Полуостров. Тука се претставени факти за етногенезата на Македонците споредбено со етногенезата на Грците, Бугарите и Албанците, доселувани и населувани низ столетијата“, пишува во рецензијата д-р Михајло Миноски.

Ефтим Клетников, познат македонски поет, преведувач, книжевен критичар и есеист, во рецензијата за книгата, меѓу другото пишува, дека Драган Попоски-Стојнин „во својата потрага по македонскиот идентитет, а поаѓајки од Кичиница како модерен архетип на македонскиот историски проклетилак, интуитивно и со една понорна рефлексија, сјајно се надоврзува на Ѓорѓија Пулески, најзначајниот македонскиот преродбеник кога станува збор за идентитетот

Драган Попоски-Стојнин е роден во Вевчани, во 1940 година. Виорот на Втората светска војна бил трагичен за неговата фамилија и како дете без родители растел во детските домови во Битола, Скопје, Кратово, Ресен, Битола, Валандово, Битола. Во Битола, во 1960 година завршил гимназија, а Медицински факултет и специјализација завршил во Скопје.

Работел како лекар, а во 1992 година, меѓу првите во Република Македонија, ја формира приватната здравствена организација, Аптеки „Биолек“. Покрај медицинската дејност, тој го проучува и демографското прашање во Република Македонија. Хоби му се сликарство и изработка на уметнички ракотворби.

Во 2017 година во издание на „Бата прес“ ја објави поетската книга „Резби„

По пензионирањето живее и твори во Охрид.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските и словенечките стопанственици со апел за поддршка на Словенија

Следно

Да не ги има некој видено британските тенкови во Украина?

Latest from Blog

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар
Go toTop