Македонските и словенечките стопанственици со апел за поддршка на Словенија

August 14, 2023
1 min read

реклама



Словенија во изминатите денови се соочува со последиците од најголемата природна катастрофа во нејзината понова историја. Голем дел од нејзината територија беше засегната од поројните дождови и невремиња кои резултираа со обилни поплави и свлечишта. Голем број граѓани ги изгубија своите домови, а инфраструктурата на земјата е сериозно оштетена.

Многупати во минатото нашите две земји меѓусебно се помагале и поддржувале. Сите се сеќаваме на неодамнешните пожари кои беснееа кај нас, а во чие гаснење се вклучија бројни доброволци од Словенија. 

реклама

Во овие моменти треба да ја покажеме нашата солидарност како народ, стопанство и држава. За таа цел, во согласност со барањата на Владата на Република Словенија за помош, Друштвото на словенечки и македонски стопанственици отвори наменска хуманитарна сметка во НЛБ Банка. Сите донации кои ќе бидат примени на оваа сметка ќе бидат префрлени на соодветните служби и организации во Словенија кои се активни на терен во рамки на тамошната цивилна заштита.

Податоци за вашите донации

реклама

Број на с-ка: 210-0759929302-64

Банка: НЛБ Банка

реклама

Назив на примач: Словенечки и македонски стопанственици СИЗ Скопје – наменска хуманитарна сметка

Шифра на плаќање: 560 – Уплати за солидарни и хуманитарни цели

Цел на дознака: Донација за поплавите во Словенија

Ви благодариме на вашата хуманост!

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Кепа Аризабалага е нов голман на Реал Мадрид

Следно

Промоција на монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин во Вевчани

Latest from Blog

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА
Go toTop