Промена на имиња на улиците во Тетово – Касами: Чекаме интервенција од катастарот

August 19, 2023
1 min read

реклама



Градоначалникот на Тетово чека катастарот на Тетово да ги запише новите улици, мостови и населби за потоа да почне да ги преименува. Иако ваква иницијатива беше промовирана во времето кога се одржуваа изборите за општински совети во Тетово, засега нема ништо конкретно.

-Во Тетово имаме поширок проект за именување на сите улици на Тетово. Уште еднаш повторувам, за жал овде чекаме студија која треба да ја направи Македонскиот катастар, која се уште ја немаме. И натаму, во Тетово има многу улици, кои не се регистрирани и за да се именуваат, тоа е обврска на Општината. Тие мора да бидат запишани и оваа регистрација ја врши Катастарот-рече Касами.

Касами вели дека доколку катастарот не направи такво нешто, се останува за следната година.

-Доколку не го направат ова, ќе треба следната година да обезбедиме средства во буџетот, бидејќи тоа е проект кој ќе чини, а со тоа ќе ги регистрираме улиците, па со одлука, почитувајќи ги сите процедури, да ги именуваме улиците. Ова ќе биде јавно, транспарентно и ќе се консултираат сите слоеви на општеството, сите поединци кои ќе бидат заинтересирани, за да имаме адекватно име со денешната реалност“, изјави Касами.

Од Здружението на академици Албанци, кои заедно со општина Тетово пред локалните избори го промовираа проектот за промена на имињата, велат дека проектот го доставиле до општината во септември 2022 година, но се уште не е преземена иницијатива.

Во Тетово сè уште има многу имиња на улици и училишта кои воопшто не се совпаѓаат со етничката реалност, каде што иако најголем дел од жителите се Албанци, тие се уште носат имиња кои биле поставени за време на комунистичкиот систем.

реклама

реклама



MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЗНМ, ССНМ, СЕММ и МИМ: Обидот за внесување страв и самоцензура кај новинарите нема да успее

Следно

Бонучи е „избришан“ од првиот тим на Јувентус

Latest from Blog

Исплатата на правата од социјална и детска заштита е во тек

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец ноември е започната на ден  5 декември, а продолжува и денес односно

Скопскиот аеродром во првите 10 месеци од 2024 година опслужил над 2,5 милиони патници

Аеродромот во Скопје се рангираше на 135 место по фреквентнос во Европа, и ги надмина аеродромите во Понга Делгада, Закинтос и Тромсо. Во периодот од јануари до октомври оваа година, низ скопскиот

Чупеска: Владата не испорача ништо од ветеното, туку тргна да го окупира безбедносниот систем

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во синоќешната емисија Клан дебата истакна дека ништо што беше ветено во кампањата не е испорачано од страна на Владата. Наместо проекти, Чупеска кажа дека Владата тргнала
Go toTop