Продолжува сослушувањето на сведоци на рочиштето за „Пулс“

March 5, 2026
1 min read

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот на ДНК и преживеани гости од дискотеката, кои ги опишаа настаните во ноќта на 16 март минатата година, кога во пожарот загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Во својство на сведок исказ даде придружниот вокал Ана Костадиновска, која на повеќекратни прашања од Обвинителството и од одбраната за тоа кој ги поставувал и кој ги активирал прскалките, остана на ставот дека не знае и дека никогаш не видела кој ги местел прскалките во ниеден клуб каде што настапувале со групата ДНК, посочувајќи дека можно е тоа да го правело и техничко лице од клубот.

Опишувајќи го моментот кога настанал пожарот, таа наведе дека кратко по почетокот на настапот почувствувала топлина и дека вокалот Панчо повикал да излезат присутните, но, како што рече, во првиот момент никој не ја сфатил сериозно ситуацијата.

Музичарот Горан Тонев, кој исто така настапувал како надворешен соработник со бендот, изјави дека пиротехничките средства биле веќе поставени кога се качиле на бината, но дека не знае кој ги поставил и кој ги активирал. Тој опиша брзо ширење на огнот и густ чад во просторот.

Според сведочењата на двајца преживеани гости во клубот, по активирањето на прскалките се запалил дел од таванот, по што настанала паника и стампедо кон излезите.

Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе паралелни постапки – 25 обвинети полицајци во три одвоени процеси за трагедијата во Кочани – судењата се множат, а правдата се комплицира!

Следно

Португалија им дозволи на САД да ја користат базата „Лахес“ на Азорските Острови за време на нападите врз Иран

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop