Повеќе паралелни постапки – 25 обвинети полицајци во три одвоени процеси за трагедијата во Кочани – судењата се множат, а правдата се комплицира!

March 5, 2026
2 mins read

Судските процеси поврзани со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани влегуваат во нова фаза, со повеќе паралелни постапки и вкупно 25 обвинети полициски службеници. Наместо една заедничка постапка, Обвинителството одлучи одговорноста на полицијата да ја утврдува преку три различни обвиненија и три одвоени судски процеси.

Овие постапки ќе се водат паралелно со таканаречениот „главен процес“, во кој на обвинителна клупа се најдоа 35 цивилни лица и три компании поврзани со работењето на објектот. Со тоа, случајот што веќе се смета за еден од најкомплексните во поновата македонска историја се претвора во мрежа од повеќе судски предмети со различни квалификации и различни линии на одговорност.

Првиот судски процес започна на 3 март и во него се обвинети тројца полициски службеници. Според обвинението, тие сториле злоупотреба на службената положба при составување службени записници, внесувајќи неточни податоци со што биле искривени фактичките состојби за прекршувањата во објектот. Сите тројца се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Вториот процес треба да започне на 5 март и опфаќа девет полициски службеници. Тие се обвинети дека во периодот 2022–2023 година не извршиле целосни проверки при давање согласности за работа на објектот, со што, според обвинението, му овозможиле на правното лице да стекне противправна имотна корист.

Третиот и најобемен предмет опфаќа 13 полициски службеници. Тие се гонат за потешки кривични дела против општата сигурност како соизвршители, поврзани со нивното постапување во ноќта кога се случил трагичниот настан. Според обвинението, тие не презеле соодветни мерки за заштита на присутните и не ја спречиле употребата на пиротехника, иако била во тек полициска контрола во објектот. Обвинителниот акт за оваа група веќе е одобрен од Основниот кривичен суд Скопје.

Поделбата на случаите против полицајците на три посебни постапки отвора сериозни прашања во јавноста и правната фела. Додека за полициските службеници обвиненијата се раздвоени според различни периоди и дејствија, главниот предмет против цивилните лица и компаниите останува обединет во едно големо обвинение.

Правните експерти предупредуваат дека ваквата конструкција може да го отежни докажувањето на индивидуалната одговорност во главниот процес, бидејќи во истиот предмет се вклучени лица со сосема различни улоги – од сопственици на фирми и институции до инспекциски структури и поранешни функционери.

Со новите обвиненија, судскиот систем ќе се соочи со најмалку четири паралелни процеси поврзани со трагедијата во Кочани. Според правните експерти, тоа значи голем број докази, сведоци и приговори, што може значително да го продолжи времетраењето на постапките.

Адвокатот Петре Шилегов на едно од претходните рочишта предупреди дека обвинителството треба внимателно да утврди за кои лица може да се води постапка за загрозување на општата сигурност, наместо обвинението да се поставува на широк принцип на колективна одговорност.

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ веќе се смета за вистински тест за правосудниот систем. Наместо еден централен процес, сега се водат повеќе судски постапки со различни правни квалификации и различни фактички основи – од настаните во објектот во критичната ноќ, преку административните процедури во претходните години, до службените документи и записници.

Токму ваквата структура на предметите создава стравување дека судските процеси може да се претворат во долготраен маратон, додека јавноста и семејствата на жртвите сè уште очекуваат брза и јасна правда.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Qyra-Kasami: Struga do të jetë gjithmonë e hapur për partneritete që sjellin zhvillim dhe mundësi të reja për të gjithë

Следно

Продолжува сослушувањето на сведоци на рочиштето за „Пулс“

Latest from Blog

Берзански раст: Индексот МБИ10 достигна 9.750 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 11.06.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.750,60 поени. Во однос

Уживање за фудбалските гурмани: Комплетниот распоред со сатници на натпреварите од групната фаза!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ И дефинитивно нема спиење за фановите на најважната споредна работа во светот, или поточно без она “споредна“. Со оглед на тоа дека ова СП 2026, кое почнува вечерва, се игра во

Омерагиќ: ТВ Арена Спорт Македонија е силен поттик за македонскиот фудбал

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, го честита отворањето на ТВ Арена Спорт Македонија, оценувајќи дека станува збор за значаен проект кој претставува важен чекор напред за спортската медиумска сцена

„Нападите во странство мора да прекинат“ – МАКЕДОНИЈА СО 22 ДРЖАВИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО ИРАН

Македонија се приклучи на група од 22 држави кои упатија заедничка и остра порака до Иран, барајќи итен прекин на нападите врз поединци и организации на нивна територија. Во заедничката изјава објавена на

Топлината е тивок убиец кој однесе 200.000 животи во Европа – континентот се загрева најбрзо во светот

Светската здравствена организација (СЗО) денес предупреди дека Европа мора подобро да ги заштити своите граѓани од екстремна топлина како што климатската криза се забрзува. СЗО додаде дека континентот се затоплува побрзо од
Go toTop