Продолжува собраниската седница за избор на заменици министри

March 2, 2023
1 min read

Собранието денеска треба да ја продолжи 104-тата седница со дебата по четвртата точка на дневниот ред – Предлог за именување на заменици министри во Владата.

Пратениците ќе ја продолжат вчера започнатата расправа за избор на замениците министри за одбрана Тирон Јајага, за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, за здравство Маја Манолева и за образование и наука Агим Нухиу.

Премиерот Димитар Ковачевски во својство на предлагач на земниците министри во неговото излагање на почетокот на вчерашната расправа нагласи дека со нивниот избор ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата.

– Но, пред сите нас ќе се отвори една сериозна обврска – да донесеме зрели одлуки што ќе ги осигураат перспективите на земјата. Ако за тоа е потребно зголемување на мнозинството – тогаш, со секого ќе разговараме. Владата е отворена за идна соработка со сите кои се подготвени да постапат совесно и да ги поддржат реформите, економските политики и европската агенда, за доброто на граѓаните и на државата, рече Ковачевски.

Според него, со реконструкцијата на Владата ќе се зацврсти политичката стабилност и се отвора пат за зголемена ефикасност на Собранието и на институциите во насока на непречена реализација на клучните стратешки цели.

– Но, Сојузот за Европа и окрупнувањето на проевропското мнозинство во Парламентот е потребно во име на натамошните реформи и европската иднина на граѓаните и на државата. Граѓаните му дадоа на овој Парламент прецизен мандат за европски квалитет на живот дома и интеграција во Европската Унија. Така е формирана и проевропската Влада и така работиме, според европскиот курс на државата, рече Ковачевски.

Тој посочи дека е неопходно Парламентот да биде критичар, ама не и кочничар на реформите и да ги застапува стратешките одредници на земјата, а не стратешките планови за лични или други туѓи цели.

Собранието вчера претходно во рамки на 104. седница со 62 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ги разреши замениците министри за одбрана Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини и за образование и наука Љуљзим Алиу.

Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели, а новите министри во Владата на Ковачевски Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање беа избрани пред полноќ во понеделникот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И денеска дожд, еве од кога се очекува стабилизирање на времето

Следно

ФА Куп: Гигантите од Манчестер се избегнаа

Latest from Blog

Милеј одликуван во Израел, најавена директна авиолинија Тел Авив – Буенос Аирес

Херцог го нарече десничарскиот либертаријански лидер „близок пријател на Израел“. Милеј, исто така, запали свечен факел во рамките на одбележувањето на 78-годишнината од основањето на Државата Израел на 14 мај 1948 година.

Деспотовски: Клучно е да се бара активно вклучување од Брисел, Париз, Берлин и притисок

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите беше ОК е уставни измени, меѓутоа со одложено дејство и второто беше гаранции во смисла да не повторуваат блокадите понатаму, истакна Јован Деспотовски во вечерашната дебата во

Антонио Ридигер одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Идината на германскиот репрезентативец Антонио Ридигер во Реал Мадрид станува сè појасна. Според шпанските медиуми, 33-годишниот централен бек е блиску до продолжување на договорот, кој истекува ова лето. Иако Ридигер се надеваше
Go toTop