Продолжува конститутивната седница на Собранието на Србија

March 18, 2024
1 min read

Пратениците во српскиот Парламент денеска ќе ја продолжат конститутивната седница.

На продолжението на конститутивната седница треба да се изберат претседател на Собранието, негови потпретседатели и членови на работните тела.

Претходно во собраниска процедура влезе предлогот за избор на поранешната премиерка Ана Брнабиќ за претседател на Собранието.

Во предлогот потпишан од пратениците на владејачкото мнозинство пишува дека Брнабиќ завршила факултет во Велика Британија, дека пред да стане премиер и да ја извршува таа функција во последните три мандати била министерка за државна управа и локална самоуправа, дека учествувала во основањето на Наледа и Фондацијата Пексим.

Треба да се изберат и шест потпретседатели на Собранието, како што е договорено на консултациите.

Се очекува да биде именуван генерален секретар на Собранието, да се изберат членови на работни тела и членови на постојани парламентарни делегации во меѓународните институции.

Новиот претседател на Собранието на Србија треба да распише избори за градската власт на Белград, кои, според најавата на претседателот Александар Вучиќ, би се одржале на 2 јуни.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Израелските злосторства во Газа продолжуваат да го газат не само меѓународното право туку и сите хуманитарни вредности“

Следно

Вработените во Пошта денес на двочасовен протест

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop