Проданоски: Згрижувачките семејства се столб на поддршката за децата без родителска грижа

June 1, 2026
1 min read

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Меѓународниот ден на згрижувачките семејства, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до сите деца и згрижувачки семејства, истакнувајќи ја нивната значајна улога во обезбедувањето сигурна и топла семејна средина за децата на кои им е потребна грижа и поддршка.

Проданоски нагласи дека секое дете заслужува да расте во дом исполнет со љубов, разбирање и сигурност, а згрижувачките семејства се пример за хуманост и несебична посветеност.

„Згрижувачките семејства се вистински херои на нашето време. Тие им отвораат дом и срце на децата кои поминуваат низ животни предизвици и им овозможуваат нова надеж, топлина и чувство на припадност“, порача Проданоски.

Тој посочи дека Прилеп е пример за солидарност и општествена одговорност, имајќи предвид дека од вкупно 60 згрижувачки семејства во Пелагонискиот регион, дури 25 се од Прилеп.

„Овој податок е доказ за хуманоста на нашите сограѓани, но и поттик за сите кои имаат можност да размислат за оваа благородна мисија и да станат дел од семејството на згрижувачи“, истакна градоначалникот.

По повод денешниот празник, Општина Прилеп организираше средба со претставници од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства од Битола, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп и згрижувачките семејства од општината.

Проданоски потенцираше дека Општина Прилеп останува посветена на развојот на социјалните политики и поддршката на ранливите категории граѓани преку реализација на проекти и услуги кои придонесуваат за подобар квалитет на живот.

На крајот, тој упати честитки до сите деца со желба да растат среќно, безгрижно и исполнето, како и до сите згрижувачки семејства кои секојдневно покажуваат дека љубовта и грижата можат да променат живот.

„За секое дете да расте во семејство“, порача градоначалникот на Прилеп.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Секое дете заслужува да расте во семејство исполнето со љубов и грижа

Следно

Коњановски: Градежна офанзива на 10 локации низ Битола

Latest from Blog

Белиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја

Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите

Белиот дрес е хит во Шпанија, но во финалето „фуријата“ ќе игра во друга боја

Иако цела Шпанија стана бела, наместо црвена, по победата во полуфиналето на Светското првенство над селекцијата на Франција, сепак, „црвената фурија“ во финалето на Мундијалот в недела нема да игра со белите

Петгодишно дете успеало да избега од куќата на ужасот: Живеело во фекалии, влечел кебе натопено во урина

Голо 5-годишно момче од Пенсилванија храбро избегало од дом каде што го поминало поголемиот дел од времето заклучено во соба покриена со измет, претворена во импровизирана затворска ќелија, додека неговите тројца старатели

Силно невреме ја погоди Битола – улиците под вода

Силно невреме проследено со пороен дожд вечерва ја зафати Битола, при што повеќе улици низ градот беа поплавени, а сообраќајот на одредени локации беше значително отежнат. Според објавените видеоснимки, големи количини вода

Аргентина со нов уникатен рекорд: 13 натпревари на Мундијалите со два или повеќе гола!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Финалистот на ова Светско првенство, селекцијата на Аргентина, ја продолжи својата рекордна серија на натпревари со постигнати два или повеќе гола на Светските првенства. Во полуфиналето
Go toTop