Проблемите на миленијалец кој шефува со копиљаци

February 21, 2023
2 mins read

Присетувајќи се на моите почетоци, сфаќам дека постоеја многу работи што ги научив за работното место само имитирајќи ги луѓето околу мене. Никој не требаше да ми каже како да се облечам кога одам на состанок со клиент (никако фармерки) и како да се однесувам на состанок (да изгледам заинтересирано и да запишувам).

Само гледав што прави мојот шеф.

За многу луѓе од генерацијата З, новата реколта тазе вработени кои се родени помеѓу 1996-та и 2012-та, тоа е невозможно. Многумина од нив ги започнаа своите кариери работејќи од дома за време на пандемијата и сега се дел од хибридната работна сила. За нив е потешко да ги пофаќаат финтите. 

Затоа како шеф кој припаѓа на генерацијата миленијалци, а раководи со ПР тим кој вклучува неколку припадници на генерацијата З, сфатив дека некои работи мора да им се кажат.

Прво и основно: не одите да се жалите кај менаџерот веднаш штом нешто „зачкрипи“. Тој постои за да ви помогне да ги надминете проблемите со кои се соочувате, но само откако прво сами неколкупати ќе се обидете да ги надминете. 

Најголемиот предизвик за мене е тоа што луѓето од генерацијата З имаат премногу „чувства околу работата“. Несигурни се како да се справат со секојдневни предизвици – стигнување рокови, меѓучовечки односи, добивање фидбек – и имаат потреба да го искажат тоа. Морам да признаам дека и јас учам од нив. Јас сум тазе мајка, и како поставуваат граници околу работата е инспиративно и охрабрувачки. 

Една девојка од мојот тим нон-стоп доаѓаше кај мене со своите проблеми. Беше под стрес и сакав да ѝ бидам од помош, па ќе ѝ речев: „Ќе средиме. Што предлагаш?“ Дури и кога ќе дојдеше со потенцијално решение, беше толку вознемирена што еднаш морав да ѝ речам „Работиме ПР! Никој нема да умре ако згрешиме.“

Имам и друг кој често доаѓа да се жали. Од една страна, ми се допаѓа неговата желба да сподели како се чувствува, и колку е слободен во тоа да каже што мисли. Ама од друга страна, како шеф, не е моја работа да му помагам да ги надминува сите негови ментални состојби туку само оние поврзани со работата. Со него е потребен инаков пристап – еден што го научив од мојот терапевт. Наместо да реагирам прашувајќи го „Што можеме да направиме за да го решиме тоа?“ правам мала пауза и му велам „Сакаш да зборуваме за решенија или само имаш потреба да се испразниш?“ Понекогаш му треба само да се чувствува дека е разбран.

Давањето фидбек „понежно“ е уште една работа што ја научив. На пример, кога некој од моите луѓе работи на стратешки план, им давам совети околу структурата и околу тоа на што треба да мислат. Им враќам поправки и сугестии кога ќе завршат. Но, мојот фидбек често е приман како критика. Се сеќавам дека се чувствував слично кога бев почетник. Откако мојата шефица ми кажа дека не очекува совршенство од мене и дека таа само има повеќе искуство од мене, се чувствував многу подобро. Сакам и моите луѓе да го разберат тоа.  

Вреботените од таа генерација ми помогнаа да го приоретизирам мојот личен живот. Во прво време бев шокирана од тоа колку отворено зборуваат за балансот помеѓу животот и работата. Ми се случуваше да ми речат „Не, нема да прифатам да имам повик толку рано наутро“ и “Тоа е времето кога навечер го исклучувам телефонот“. Кога бев колку нив, ќе имав грижа на совест да го сторам тоа.

Ги имитирав другите – ако мојот шеф и колеги остануваа прекувремено, останував и јас. 

Денес и јас внимавам на балансот помеѓу работата и личниот живот. Имам новороденче. Не сакам да пропуштам време со моето дете. Затоа на крајот од работниот ден, се одлогирам. 

Сега јас ја имитирам генерацијата З.

Ребека Најт

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Прилеп

Следно

Пренџов: 61% од граѓаните сметаат дека нема демократија, затоа е време за предвремени избори да излеземе пред граѓаните секој со своја понуда

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop