Приведени седум лица во Велес кај кои била пронајдена дрога

September 3, 2023
1 min read

реклама



 Седум лица се лишени од слобода во Велес, бидејќи кај нив биле пронајдени различни видови дрога, информираше денеска Министерството за внатрешни работи.

– Во периодот од 22 до 01.30 часот утринава на место викано „Бабуна“, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, лишиле од слобода седум лица затоа што кај нив биле пронајдени различни видови дрога. Имено, полициските службеници постапувајќи по претходно изготвен план за „Безбедно лето 2023“ и на местото, каде што се одржувала забава, извршиле контрола на повеќе лица и возила, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

реклама

Во 22 часот се приведени 19-годишната А.М. од тетовското село Теарце, А.Т., на возраст од 20 години од Прилеп и Д.Т., исто така на 20-годишна возраст од Тетово.  кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази. 

Во 22:45 часот од слобода биле лишени И.Г., на возраст од 29 години и Ј.А., на возраст од 20 години, двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

реклама

Во 01.30 часот од слобода биле лишени Р.С., на возраст од 30 години и 32-годишната С.С., двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале, биле пронајдени одземени марихуана и амфетамин.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Фото: ФК Вардар со кучиња од ЈП Лајка

Следно

Америка и Европа се разделуваат поради Украина

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop