При претреси во Скопје пронајдени кокаин, екстази, кристал мет и марихуана, приведени двајца дилери

November 18, 2023
1 min read

реклама


 На 17.11.2023 во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР, во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.К.(35) од Скопје и Љ.Б.(30) од Штип, со привремен престој во Скопје.  

Имено, по преземени мерки и активности, околу 16.00 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски службеници извршиле преглед над К.К. во близина на неговиот дом при што биле пронајдени 50 таблети екстази, кокаин и едно пакување со синтетичка дрога кристал мет.

реклама

Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. 

Вчера, исто така, по добиена судска наредба, бил извршен и претрес во домот во кој престојува Љ.Б., при што биле пронајдени и одземени околу четири килограми марихуана, околу 100 грама кокаин, едно пакување со синтетичка дрога кристал мет, околу 500 таблети екстази и дигитална вага.

реклама

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белата куќа го критикуваше Илон Маск поради „неприфатливо“ одобрување на антисемитски твит

Следно

Телата на десетици Палестинци од северните делови на Газа доведени во болниците

Latest from Blog

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop