Претставник на Хамас за АА: „Не прифаќаме распоредување на странски сили во Газа“

December 29, 2023
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – ИДРИС ОКУДУЏУ –

Членот на Политичкото биро на движењето Хамас, Осама ал-Хамдан, изјави дека на Палестинците не им треба ничие туторство и дека не прифаќаат сместување на странски сили во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Во разговор за Анадолу во Канцеларијата на Хамас во Бејрут, Хамдан рече дека најважната агенда меѓу Израел и Хамас е нова размена на затвореници и прекин на огнот.

„Добивме некои иницијативи од нашите браќа посредници како што се Катар и Египет (за размена на затвореници), но нашиот став е јасен, а тоа е целосно да ги запреме нападите. Коренот на проблемот се израелските напади врз Газа. Размената на затвореници е последица на овој проблем. Не е во ред да се навлегува во други детали без да се навлезе во суштината на проблемот, а нападите врз нашиот народ мора да престанат. Сите знаат дека сакаме размена на затвореници, тоа не е тајна. Меѓутоа, овој процес се одвива преку преговори и договори. Тоа не е можно додека непријателските напади сѐ уште траат“, нагласи Хамдан.

Во врска со наводите и разговорите за формирање нова администрација во Појасот Газа со посредство на некои земји, Хамдан додаде: „Хамас и Палестинците немаат потреба од ничие туторство и не го прифаќаат. Палестинскиот народ е тој што одлучува за природата на палестинската администрација и нејзините внатрешни работи. Палестинскиот народ не ги прифаќа оние кои се возат на израелски тенкови под покровителство на САД и се претставуваат како легитимни. Палестинскиот народ е тој што го создаде легитимитетот и денес знае на кој легитимитет мора да се потпре.“

Тој ги коментираше и наводите дека меѓународни воени сили, вклучително и од арапските држави, влегле во Појасот Газа.

„Доколку меѓународните сили сакаат да ја ослободат Палестина и да ја прекинат окупацијата, тие се добредојдени. Но, ако (израелската) окупација се замени со други сили, кој рече дека Палестинците сакаат да ја заменат ционистичката окупација со друга окупација?“, праша Хамдан и додаде:

„Оние кои зборуваат за Газа без Хамас се тие кои заклучуваат дека Израел ќе успее во својата воена авантура. Ние велиме дека нема да успее и дека се јасни манифестациите на неговиот неуспех во оваа авантура. Единствената точка во која Израелците успеаја беше убивањето на над 20 илјади луѓе, главно жени и деца, и уништувањето на инфраструктурата и канализациските системи.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кои болници во Скопје ќе работат за празничниот викенд?

Следно

Учебници нема, а Шаќири почнува Е-дневник – нов пилот-проект во 40 училишта од второто полугодие

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop