Претседателот на Туркије разговараше со претседателот и премиерот на Регионалната курдска управа во Ирак

April 22, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган доцна вечерва се сретна со претседателот на Регионалната курдска управа во Ирак, Нечирван Барзани, и премиерот Масрур Берзани, јавува Анадолу.

Средбата на делегациите се одржа зад затворени врати во Ербил.

Турскиот претседател го прими и лидерот на Курдистанската демократска партија, Масуд Барзани.

Ердоган во Ербил допатува доцна вечерва, а на официјалната церемонија на аеродромот беше пречекан од Нечирван Барзани.

Претходно, Нечирван Барзани на социјалната мрежа Х наведе дека се радува што ќе го прими претседателот Ердоган во Ербил и ќе разговара за итни прашања, вклучувајќи ги мирот, стабилноста и економскиот развој.

Тој рече дека историската посета на Ердоган на Ербил и Багдад доаѓа во чувствителен момент. Додаде дека тоа ги нагласува силните политички, економски и безбедносни односи меѓу Ирак, Регионалната курдска влада на Ирак и Туркије.

Ердоган денеска престојуваше во еднодневна официјална посета на Багдад, при што се сретна со претседателот Абдул Латиф Рашид и премиерот Мухамед Шија Ал Судани.

Во ирачкиот главен град Багдад беше потпишан меморандум за разбирање во врска со соработката на Проектот за развоен пат меѓу Ирак, Туркије, Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Во делегацијата предводена од Ердоган, меѓу останатите ја сочинуваа министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, министерот за трговија Омер Болат, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар ​​и шефот на Директоратот за комуникации при турското Претседателство Фахретин Алтун.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УКИМ: Испратен е допис до МОН за изедначување на коефициентите за пресметка на лекторските со платите на доцентите

Следно

Новак Ѓоковиќ по петти пат е најдобриот спортист на светот

Latest from Blog

Коњановски: Битолските ученици со иновативно решение за почист воздух во училиштата

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети економското училиште „Јане Сандански“, каде е целосно реконструирана една училница и е набавен нов училишен мебел. Инвестицијата е реализирана преку јавна набавка во

Божиновска: Со Србија, Грција и Бугарија ја продлабочуваме регионалната енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска учествува на Вториот министерски самит во Белград, каде со колегите од Србија, Грција и Бугарија разговара за конкретни чекори за зајакнување на

ЈУЖНА КОРЕЈА МЕЃУ КИЕВ И МОСКВА: Трговија со гориво зад грбот на санкциите

Гориво од Јужна Кореја стигнува до Русија – делумно преку танкери под санкции – во време кога Москва се соочува со недостиг на залихи поради војната во Украина. Анализата на пристанишните евиденции

Овации и бис за македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски на фестивалот „Due Siciliae“

Со арии од „Тоска“, „Вертер“ и „Турандот“, Ѓорѓи Цуцковски се претстави на две концертни вечери на меѓународниот фестивал „Due Siciliae“. Македонскиот тенор, според неговото сведоштво, на двата настапа беше награден со бурни
Go toTop