Претседателот на ЕПП е за подигнување ограда на надворешните граници на ЕУ

January 30, 2023
1 min read

Претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, се залага за построга европска имиграциска политика и меѓу другото, предлага да се подигне ограда на надворешните граници на Европската унија.

„Оградите се секогаш последно средство, но тие се неопходни секаде каде што шверцерите на луѓе ги прекршуваат европските закони. Онаму каде што не е можно да се спречи илегалната миграција, потребни ни се огради“, изјави претседателот на ЕПП и потпретседател на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) за медиумската група „Функе“.

Како места каде што би можела да се примени оваа мерка ги спомена источните граници на ЕУ, Медитеранот, а особено границите на Бугарија и Грција со Турција, пренесува Хина.

Вебер е и за „темелна промена“ во процедурата за поднесување барање за азил. што не треба по секоја цена да се случи во рамките на ЕУ.

„Мислам дека мора да биде можно на надворешните граници да се изврши брза проверка дали некој има право на азил или не. Ако мигрантите доаѓаат од трети, безбедни земји, како што е Турција, тогаш мора да биде можно да се извршат овие проверки и таму“, смета Вебер.

Тој предложи и формирање канцеларии на ЕУ во земји како Тунис или Египет, каде ќе се проверат условите за добивање азил за бегалците од Африка.

По повод вонредниот самит на Европскиот совет на почетокот на февруари, Вебер порача дека ЕУ мора да ја врати контролата врз Медитеранот.

„Со сета почит кон приватниот ангажман за спасувањето бегалци на море, тоа е домен на државните органи. Не смееме да ја приватизираме миграциската политика“, рече тој.

Тој додаде дека овие теми, во поглед на изборите за Европскиот парламент следната година, не смеат да бидат препуштени на „десничарските агитатори“.

Од втората половина на 2022 година, Германија повторно се соочува со зголемен прилив на илегални мигранти од земји како Сирија, Авганистан, Ирак и Турција.

Во некои делови од земјата се засилува и отпорот на граѓаните за изградба на нови прифатни објекти за бегалци. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Германија нема да испраќа борбени авиони во Украина, вели Шолц

Следно

На Попова Шапка утрово измерени -12 степени

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop