Германија нема да испраќа борбени авиони во Украина, вели Шолц

January 30, 2023
1 min read

Изјавата на германскиот канцелар следува откако тој минатата недела се согласи да испрати 14 тенка „леопард 2“ во Украина, по што официјален Киев ги засили повиците до Западот за испраќање борбени авиони во земјата

И покрај засилените повици од официјален Киев до западните земји за испраќање борбени авиони и оружје во земјата, со цел подобро справување со руската инвазија, германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш повтори оти Германија нема да испраќа борбени авиони во Украина.

Во интервју за германскиот весник „Тагесшпигел“, прашан околу барањата на Украина, Шолц кажа оти прашањето за испраќање борбени авиони воопшто не се поставува и додаде дека Германија не треба да влегува „во постојана тендерска војна со системското оружје“.

Ако по штотуку донесена одлука (за испраќање на тенковите), во Германија започне нова дебата за нешто друго – авиони, тоа е несериозно и ја разнишува довербата на граѓаните во одлуките кои ги носи владата. Вакви дебати не треба да се водат поради домашно политичко профилирање“,

рече Шолц и кажа оти сега е важно сите оние кои изразиле намера да испратат борбени тенкови во Украина да го сторат тоа.

Во таа насока, Шолц во интервјуто предупреди да не се зголемува „ризикот од ескалација“, нагласувајќи оти Москва веќе остро ги осудила најавите за испраќање на борбени тенкови во Украина.

„Нема војна меѓу НАТО и Русија. Нема да дозволиме таква ескалација“,

рече тој.

Изјавата на германскиот канцелар следува откако тој минатата недела се согласи да испрати 14 тенка „леопард 2“ во Украина, со што им дозволи и на Полска, Шпанија и Норвешка да испратат тенкови на Украина, по нивните претходни најави оти се подготвени да го сторат тоа.

Одлуката на Шолц да ги испрати тенковите беше придружена со најава на САД дека ќе испрати 31 тенк „абрамс“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на Берлин и Вашингтон за потегот, во веднаш потоа нагласи дека на Украина ѝ е потребно повеќе тешко оружје за да се одбрани од руските трупи, вклучувајќи борбени авиони и ракети со долг дострел.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи во Брисел на средби во НАТО и ЕУ

Следно

Претседателот на ЕПП е за подигнување ограда на надворешните граници на ЕУ

Latest from Blog

СО ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ ПРИМАДОНАТА ЃИНОВСКА-ИЛКОВА ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛ ВО РИМ, ПИСАТЕЛКАТА ТРАЈАНОСКА ЌЕ ГОВОРИ ЗА 100 ГОДИНИ ОД ПРВАТА ОПЕРА „ГОЦЕ“

Оперската примадона Весна Ѓиновска-Илкова на 24 јули со дела од македонски композитори ќе настапи во Рим, на музичкиот фестивал на народите Римски ноќи, во театарот „Марчело“. Ѓиновска-Илкова, во Рим гостува со пијанистката

Муцунски: Поновите земји членки е сведочат за трансформативната моќ што ја овозможува членството во ЕУ

Министерот за надворешни работи и меѓународна трговија Тимчо Муцунски на дебатата „Премостување на јазот во довербара во приближувањето на Западен Балкан во евроинтеграциитте“, во организација на Атлантскиот совет говореше за значењето за

Претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница во посета на Собранието

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го посетат претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница. Како што информираат од собраниската прес-служба, претставниците на Меѓународната организација – Транспортна заедница ќе остварат средба

Реал и Дортмунд ќе водат битка во четвртфиналето, но браќата Белингем нема да играат еден против друг!

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел. Многумина можеби очекуваа и братски дуел на
Go toTop