Претреси на полицијата во домовите на Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Бајрами

December 16, 2024
1 min read

Полицијата од изутрина врши претреси во домовите на поранешниот вицепремиер Артан Груби и порашениот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами, а како што објавија дел од медиумите, претреси се вршат на повеќе локации во врска со криминал сторел во Државна лотарија. 

При претресите, како што јавуваат медумите, и Груби и Бајрами не се пронајдени во нивните домови.

Од МВР потврдија дека се вршат дејствија во координација со јавен обвинител и дека детали ќе изнесе министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференцијата закажана за денеска во 15 часот.

Поранешниот вицепремиер Груби, кој неодамна беше ставен на „црната листа“ на САД поради наводи за значителна корупција, доцна синоќа на Фејсбук објави дека е надвор од земјава во приватна посета. 

– Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување,  напиша Груби во објавата.

Стејт департментот на САД на 9 декември  соопшти дека воведува санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според Секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот. Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во израелската геноцидна војна во Газа досега убиени над 45.000 Палестинци

Следно

Притвор за 4 лица уапсени во Струга и Гостивар, осомничени за планирање настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста

Latest from Blog

Објавен е трејлер за филмот за Мајкл Џексон- 30 милиони прегледи за шест часа (ВИДЕО)

Иако постојано се зборуваше за проблематичната продукција на овој филм, се чини дека трејлерот ја воодушеви публиката, а само за првите шест часа беше прегледан повеќе од 30 милиони пати. Снимањето на

Градот на иднината се претвори во град на духови- пропадна инвестиција од 100 милијарди долари (ВИДЕО)

Од воздух, проектот изгледа како реализација на футуристички сон: серија стаклени облакодери, луксузни станови и хотели лоцирани на вештачки острови изградени со полнење на морето со песок. Сепак, подетален поглед открива многу

Јагленисано тело на Албанец е пронајдено врзано со лисици во изгорен автомобил во близина на Атина

Телото е пронајдено во изгорено возило во петокот попладне, во изолирана област, до која се стигнува по стар селски пат што локалното население наводно ретко го користи. Полицијата истражува дали телото на
Go toTop