Во израелската геноцидна војна во Газа досега убиени над 45.000 Палестинци

December 16, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 52 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што вкупниот број на убиени од минатата година достигна 45.028, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека околу 106.962 Палестинци се повредени во нападите.

„Израелските сили убија 52 лица и ранија 203 во седум масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Израел ја продолжи геноцидната војна во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на итен прекин на огнот.

Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, при што официјални претставници и институции ги означија нападите и блокирањето на испораката на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.

Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гостиварец формирал терористичка ќелија по матрица на ИСИС, планирал напади и регрутирал луѓе

Следно

Претреси на полицијата во домовите на Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Бајрами

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop