Претераниот внос на протеини е штетен

September 19, 2025
1 min read

Со сè поголемиот тренд и советите за внесување повеќе додадени протеини, многу производители сè повеќе ја истакнуваат содржината на протеини на пакувањето за да си ја зголемат продажбата. Протеините се корисни бидејќи градат мускулно ткиво, ензими и хормони, со што имаат важна улога во функцијата на имунолошкиот систем, а исто така, обезбедуваат и дополнителна енергија. Но, нутриционистите и лекарите, сепак, потсетуваат дека прекумерниот и претераниот внос на протеини е штетен.

Препорачаниот дневен внос на протеини за возрасни е 0,84 грама на килограм телесна тежина – за мажи и 0,75 грама на килограм телесна тежина – за жени. За луѓето кои сакаат да ја зголемат својата мускулна маса преку тренинг со отпор, консумирањето до 1,6 грама на килограм телесна тежина дневно може да помогне во зголемувањето на силата и големината на мускулите. И, иако многумина веќе внесуваат доволно протеини, некои луѓе свесно, но непотребно додаваат уште повеќе протеини во својата исхрана – што е штетно.

Д-р Маргарет Мареј е нутриционистка и вработена во Универзитетот „Монаш” во Мелбурн, Австралија. Таа објаснува за порталот „Сајенс алерт“ (Science Alert) дека вишокот протеини не оди цел во урината и не се исфрла, туку останува во телото и има разни и различни последици. Дополнително, при некои медицински состојби мора да се избегнува висок внос на протеини.

– Луѓето со хронична бубрежна болест треба да го следат внесувањето протеини кај диететичар, за да избегнат натамошно оштетување на бубрезите. Покрај тоа, постои состојба позната како труење со протеини, којашто се јавува кога се внесува прекумерна доза протеини, а премалку масти, јаглехидрати и други хранливи материи, вели нутриционистката.

Протеините во исхраната може да доаѓаат од растителни извори – грав, леќа и житарки, како и од животински извори, на пр. јајца, млечни производи, месо и риба. Високиот внес на животински протеини е поврзан со зголемен ризик од дијабетес тип 2.

– Од друга страна, пак, прекумерното внесување на растителни протеини ја намалува опасноста од дијабетес тип 2, како и од рак, а го подобрува нивото на холестерол во крвта. Важно е да се има рамнотежа меѓу животинските и растителните извори, наместо само да се обидувате да додадете повеќе протеини во Вашата исхрана. Протеините, мастите и јаглехидратите работат заедно за да го одржат Вашето тело здраво, нагласува Мареј.

Таа додаде дека за да се зачува здравјето важни се сите макронутриенти, заедно со витамините и минералите во вистинските пропорции.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Евроинтеграциите ги блокираа СДС и ДУИ, потребно е со национално достоинство и заштитен идентитет да ги надминеме тие пречки

Следно

Американскиот окружен судија ја отфрли тужбата на Трамп против „Њујорк Тајмс“ за клевета

Latest from Blog

ДРАМА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МАРОКО И ШПАНИЈА: Масовен упад на мигранти во Европа спречен со дронови и солзавец

Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нерегуларно да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута. За време на интервенцијата беа употребени солзавец, хеликоптери, беспилотни

Над 20 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул

За 11 од нив веќе се избрани кандидати, кои ќе стапат на должност во различни временски периоди по завршувањето на законската постапка, велат од МНР за „Фокус“, посочувајќи дека станува збор за

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop