(ФОТО) Ѓоковиќ победи на „Ролан Гарос“ и дојде до рекордниот 23. Грен Слем пехар

June 11, 2023
1 min read

По нешто повеќе од три часа битка, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со резултат 3:0 во сетови (7:6; 6:3; 7:5) го победи Норвежанецот Каспер Руд во финалето на „Ролан Гарос“, со што и официјално стана најдобриот играч на сите времиња во тенис, освојувајќи го рекордниот 23. Грен Слем пехар

Ѓоковиќ лошо го започна финалниот натпревар, но брзо се консолидираше и стигна до водство во првиот сет, кој воедно беше и најдолг, односно траеше околу еден час и дваесетина минути. Потоа, рутински, ги освои и следните два сета и го освои турнирот во Париз, Франција. Со денешната победа, Ѓоковиќ се запиша во историјата на тенисот бидејќи ја освои 23. Грен Слем титула во неговата кариера, со што изби на врвот на „белиот спорт“. Зад него, со 22, односно со 20 титули остануваат Рафаел Надал и Рожер Федерер, но засега изгледа дека врвот е недостижен бидејќи Надал најави пензија, додека, пак, Федерер е одамна пензиониран.

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Ѓоковиќ стана најстариот освојувач на „Ролан Гарос“, а пехарот го подигнува по трет пат. Воедно, тој е на добар пат да ги освои сите 4 Грен Слем титули во една година, бидејќи зимава го освои Австралија опен, а до крајот на календарската година му преостануваат уште Вимблдон и Американ Опен.

Со оваа победа, Ѓоковиќ се врати и на водечката позиција на АТП-листата, каде што досега беше неговиот опонент во полуфиналето, Карлос Алкараз.

Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

11-годишно дете почина во авион кој летал на релација Истанбул-Њу Јорк

Следно

Прелиминарни резултати на изборите во Црна Гора – Движењето „Европа сега“ со благо водство пред ДПС

Latest from Blog

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши
Go toTop