Прекин на струја во Битола: Снегот предизвика дефекти, екипите на терен

November 30, 2024
1 min read

ЕВН известува дека на подрачјето на општина Битола има прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации. Сите достапни екипи се на терен и веќе работат на санирање на дефектите. Издадени се налози за брзо решавање на проблемите, кои настанаа поради тежината на наврнатиот снег што натежнува врз електричните кабли и жици.

Дополнително, од МВР СВР Битола информираат дека, во соработка со Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – подружница Битола, се работи на отстранување на паднато дрво на улицата „Студентска“. Работите се интензивирани со цел нормализирање на сообраќајот во најкраток можен рок.

Се апелира до граѓаните на внимателно движење и трпение додека се работи на отстранување на пречките и нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

И утре облачно време со врнежи од дожд и снег

Следно

Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop