Предвремени претседателски избори во Република Српска

November 23, 2025
1 min read

Граѓаните на 2.211 избирачки места од седум до 19 часот ќе го дадат својот глас за еден од шесте кандидати.

Граѓаните на РС можат да гласаат и по пошта, па 20.269 гласачи ќе го искористат тоа право, додека 258 ќе гласаат во дипломатски мисии во Минхен, Берлин, Виена и Белград

Изборите беа распишани откако на претседателот на РС, Милорад Додик му беше одземен мандатот откако Судот на Босна и Херцеговина го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради непочитување на одлуките на Високиот претставник на меѓународната заедница.

Според аналитичарите главната битка ќе се води помеѓу актуелниот министер за научно-технолошки развој и високо образование во Владата на РС, Синиша Каран, кој е предлог на Додик, а предложен од владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) и кандидатот на Српска демократска партија (СДС), но има поддршка и од опозицијата, професорот на Електротехничкиот факултет во Бања Лука, Бранко Блануш.

Другите четворица кандидати се Никола Лазаревиќ, претседател на Еколошката партија на РС, Драган Ѓокановиќ номиниран од Сојузот за нова политика, како и двајца независни кандидати – Славко Драгичевиќ и Игор Гашевиќ.

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина акредитираше 639 набљудувачи за следење на изборниот процес, од кои 515 се од невладини организации и 99 од меѓународни организации, вклучувајќи ја и ОБСЕ, додека уште 25 набљудувачи беа делегирани од политички партии.

Предвремените претседателски избори ќе чинат повеќе од 3,3 милиони евра.

Првите неофицијални резултати се очекуваат во 21 часот.

Кандидатот, кој ќе биде избран за претседател на РС, ќе ја извршува функцијата до следните редовни избори закажани за октомври 2026 година. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пеп имаше што да им каже на судиите: Ова е офсајдот кој не е досуден! (ФОТО+ВИДЕО)

Следно

Нормализиран сообраќајот на патот Крива Паланка – Деве Баир

Latest from Blog

Утре на финалето: Борбени авиони Ф-16, снајперисти на стадионот, илјадници агенти на ФБИ

Соединетите Американски Држави ќе преземат посебни безбедносни мерки за заштита на Доналд Трамп за време на финалето на Светското првенство. Шпанија и Аргентина ќе се соочат во финалниот натпревар на турнирот утре

Секој ден се распаѓаат шест бракови во Македонија: Разводите растат, венчавките се поретки

Во 2025 година во Северна Македонија се регистрирани 2.185 разводи – за осум проценти повеќе од претходната година, додека бројот на склучени бракови продолжува да опаѓа. Статистиката отвора прашање дали семејството се
Go toTop