Правецот на надворешната политика на земјава е јасен – стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ, велат извори од МНР

March 7, 2025
1 min read

Правецот на македонската надворешна политика е јасен – стратешко партнерство со САД, члентвото во НАТО и останување на патот кон неостварената стратешка цел – полноправното членство со Европската Унија, брифираат извори од МНР.

Во однос на гласањето на воздржаност во Обединетите нации за резолуциите за Украина, велат дека земјава успеала да одржи позиција којашто истовремено е и принципиелна и во рамки на трите приоритети на нашата надворешна политика – членството во НАТО, усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ и нашето формално стратешко партнерство со САД.

Велат дека пред да се донесе одлуката, имале сериозни консултации и голем број анализи, и оти со тоа не е променето ништо во усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Дополнуваат дека е гласано за принципиелна политика што била договорена меѓу коспонзорите, а тоа значи дека било кое видоизменување на резолуцијата значело дека државава ќе гласа воздржано по однос на таа резолуција. 

Во однос на честата динамика на посети во САД, изворите велат дека зачестените посети на официјални претставници на Владата во САД, е во насока на зајакнување на билатералните односи, но, велат тие, и поради фактот што ние се уште не можеме да почнеме преговори со ЕУ и улогата на новата администрација во тој процес.

Изворите од МНР, кои инсистираат на анонимност, изразуваат уверување дека сите предизвици што ги има трансатлантското партнерство за некој период пак ќе се надминат и оти затоа ние ќе се поставиме одејќи по нашиот интерес, а клучна неостварена политичка цел за која активно се работи во последниот период е полноправното членство во ЕУ, односно отпочнување на процесот на преговори со ЕУ и оти тој дијалог никоаш не е застанат.

Истите извори додаваат дека државава не е подготвена во овој момент да испраќа војници во Украина и оти во моментов како земја-членка на НАТО не смееме да дозволиме било каков безбедносен вакуум од регионална гледна точка, и додаваат дека нашиот фокус во следниот период мора да биде на нашиот регион и на источното и јужното крило на НАТО.

Изворите од МНР ја повторија државната позиција дека Русија спровела воена агресија врз Украина, но истовремено, додаваат оттаму, сметаат дека е дојдено време за дипломатија и за мир и оти принципиелно ќе поддржуваат секоја иницијатива што е насочена кон изнаоѓање на мир. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познат е костурот од нокаут фазата во Лигата на шампионите

Следно

Најмалку 22 лица загинаа во пукотници поврзани со банди во Еквадор

Latest from Blog

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување

По една деценија, Прилепскиот дувачки оркестар повторно ја креира музичката сцена

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на градот – Прилепскиот дувачки оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини
Go toTop