Познато е кој ќе профитира: Ова е планот на ФИФА ако Иран се откаже од Мундијалот!

March 1, 2026
1 min read
фото: Football Tweet (X)

Иран „многу веројатно ќе се повлече од Светското првенство“, според иранските медиуми. Веста ја објави „Техеран тајмс“, како и бројни светски портали.
Иран се квалификуваше за Светското првенство што ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, каде што ќе игра во групата Г со Белгија, Нов Зеланд и Египет. Сепак, бидејќи моментално е во војна со Америка, малку е веројатно дека ќе се појави на натпреварите што ќе се играат во Лос Анџелес и Сиетл. Оваа одлука сè уште не е конечна и ќе видиме што ќе се случи во наредните денови. Сè уште има многу време до Светското првенство, кое започнува дури на лето, но проблемот е што евентуалното повлекување на Иран би можело да влијае на плејофот што ќе се игра наскоро.

„Ги прочитав вестите за Иран како и сите други. Имавме состанок и сè уште е рано да коментираме некои детали, но ќе ја следиме ситуацијата поврзана со сите проблеми во светот. Ждрепката беше одржана во Вашингтон на која учествуваа сите екипи и сега сме фокусирани на безбедно и сигурно Светско првенство со сите екипи учеснички. Ќе продолжиме да комуницираме со владите на трите земји што го организираат Светското првенство за секој случај. Сите ќе бидат безбедни“, рече Мартин Графстром од ФИФА.

Светското првенство ќе почне за повеќе од три месеци, а доколку оваа репрезентација се повлече, Белгија, Нов Зеланд и Египет ќе имаат нов ривал. Наводно, ФИФА е најблиску до идејата дека Ирак ќе биде тој што треба да го игра финалето од плејофот против подобриот тим од натпреварот Боливија-Суринам. Во тој случај, победникот од дуелот меѓу Боливија и Суринам би добил директен билет за Светското првенство.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Создаваме механизми за вклучување на дијаспората во стратешки проекти

Следно

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнов

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop