Повредени 26 лица на антивладини протести во Перу

1 min read

БОГОТА (АА) – Дваесет и шест лица, од кои 10 војници, се повредени во немирите што избувнаа меѓу демонстрантите и безбедносните сили за време на антивладините протести во Перу, пренесува Анадолу.

Во местото Пуно, сместено во јужниот дел на земјата, демонстрантите поставија барикади на патиштата и запалија гуми, по што дојде до судрија со безбедносните сили.

Во немирите се повредени 26 лица, од кои 10 војници и 16 демонстранти. Безбедносните сили приведоа голем број лица.

Полицијата со солзавец и со вода под притисок одговори против демонстрантите кои врз полицијата фрлаа Молотови коктели и камења.

Исто така, синдикалните претставници, студентите и локалните жители во главниот град Лима, се судрија со полицијата.

Демонстрантите кои се судриле со полицијата во градот Хули во југоисточниот дел на Перу, запалиле една полициска станица.

Според медиумите во Перу, бројот на загинати во демонстрациите од 11 декември 2022 година досега надмина 64, додека бројот на повредени надмина 1.800 лица.

Демонстрантите бараат оставка на претседателката на Перу, Дина Болуартe, затворање на Конгресот, и веднаш одржување на предвремени избори.

Инаку, демонстрациите во Перу започнаа откако поранешниот претседател на Перу, Педро Кастиљо, на 7 декември 2022 година беше разрешен од страна на Конгресот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Анчелоти за шансите за победа во Ла Лига: Нема сомнеж дека ќе се бориме до крај

Следно

(Фото) Опасност од бандера во Петровец каде што беше прегазена жена

Latest from Blog