Повредени 15 пожарникари: Цела ноќ се водеше битка со огнените јазици во повеќе делови на Грција

August 13, 2025
1 min read

По битката со огнената стихија во текот на ноќта, грчките пожарникари утрово продолжуваат со гаснењето на пожарите во Ахаија, во околината на градот Патра во северозападен Пелопонез, на островите Закинтос и Хиос, како и во близина на Превеза, што сè уште не се ставени под контрола, а според портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис повредени се 15 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.

Ватракојанис утрово информираше дека со разденувањето веднаш почнале да интервенираат 33 воздушни средства во првата фаза и на сите фронтови, дополнувајќи дека се активни повеќе жариште, а се гаснат од копно и воздух.

Посочи дека денеска се очекува да биде многу тежок ден бидејќи се предвидува многу висок ризик од пожар за повеќето области на земјата.

Во текот на ноќта во неколку области каде што се активни пожарите беа испратени пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на жителите што се во близина.

Пожарите предизвикаа голема материјална штета со изгорена површина и изгорени куќи и бизниси, а штетата дополнително ќе се проценува.

Во текот на вчерашниот ден, како што доцна синоќа информираше портпаролот на противпожарната служба на Грција интервенираа и продолжуваат да интервенираат 4.850 пожарникари. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мекиќ ќе го пропушти натпреварот со Романија

Следно

Меџити: 24 години по Охридскиот договор – од мир до нова визија за државата

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот
Go toTop