Повик за медиумска, продукциска и менторска поддршка за организации и заедници кои се залагаат за демократски, европски, солидарни и зелени вредности

June 11, 2025
1 min read

Медиумските платформи Трн.мк и Рацин.мк, ги повикуваат сите заинтересирани формални и неформални организации, групи и заедници кои се залагаат за демократски, европски, солидарни и зелени општествени вредности во Северна Македонија и кои имаат потреба од поддршка за зајакнување на нивните комуникациски, медиумски и застапувачки капацитети, да се пријават на Програмата за медиумска, продукциска и менторска поддршка.

Програмата вклучува четири различни видови поддршки и тоа:

  1. Медиумска поддршка за сите селектирани организации преку редовно објавување вести, стории, репортажи, интервјуа и други медиумски производи на онлајн медиумите Трн.мк и Рацин.мк
  2. Продукциска поддршка (со фокус на видео продукција) за тековни или нови застапувачки иницијативи и кампањи за две селектирани организации/иницијативи
  3. Менторска поддршка (стратегиско консултирање) за јакнење на застапувачките капацитети за конкретни иницијативи/кампањи за две селектирани организации
  4. Тематски тренинзи за сите селектирани организации за следниве специфични области: Дигитално организирање, менаџирање волонтери, финансиска одржливост преку мобилизација на заедницата

Имајќи ги предвид ограничените ресурси преку кои ќе се обезбеди наведената поддршка, Трн.мк и Рацин.мк ќе извршат селекција на пријавените формални и неформални организации/групи/заедници согласно следниве критериуми:

  • Да дејствуваат во една или повеќе од следниве области: Интеграција на Северна Македонија во ЕУ, отчетност и добро управување, заштита на животна средина и зелени политики, заштита на права на помали и ранливи заедници со фокус на жени и млади
  • Да имаат тековни застапувачки иницијативи/кампањи (или конкретни идеи за нови иницијативи) за кои им е потребна менторска, продукциска и/или медиумска поддршка
  • Да имаат мали, но недоволни капацитети за продукција на медиумски содржини, за односи со јавност и за јавно застапување
  • Да утврдат лице за контакт со одговорните од Програмата за поддршка кое ќе биде достапно, респонзивно и кое ќе овозможи искористување на потенцијалите кои ги нуди поддршката

Сите заинтересирани организации/групи/заедници може да се пријават на Повикот за медиумска, продукциска и менторска поддршка најдоцна до 20 јуни 2025 година (до 17 часот), преку испраќање е-пошта на [email protected] со следниве информации:
• Наслов на пораката: “За Програмата за медиумска, продукциска и менторска поддршка”
• Наведување во боди-то на пораката за која од четирите (погоре наведени) активности за поддршка сте заинтересирани
• Наведување во боди-то на пораката лице за контакт (име и презиме, емаил, телефон и улога/позиција во организацијата)
• Прикачување документ – Портфолио (опис на мисијата, целите, минатите активности, тековните кампањи и идеите за идни застапувачки иницијативи на организацијата)

Заради потребите на процесот на селекција, Трн.мк и Рацин.мк може да остварат дополнителни контакти со организациите апликанти, а изборот ќе биде завршен најдоцна до 30 јуни 2025 година, после што ќе се интензивираат активностите за медиумска, продукциска и менторска поддршка.

Програмата за поддршка е дел од проектот “Up-skill and stream for democratic sustainability”, кој го реализира Фондација Друштво Д, со поддршка од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Онлајн“ ЦО на СДСМ – официјално поради жештините, дел од членовите се сомневаат дека Филипче се плаши за кворумот

Следно

Преписки за Законот за застапеност, Венецијанска или Собрание – каде треба најпрво да помине?

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop