Потпишан Договор за збратимување помеѓу скопските општини Чаир и Сарај со малтешката Општина Л-Исла

March 24, 2023
1 min read

Во Скопје денеска беше потпишан Договор за збратимување помеѓу скопските општини Чаир и Сарај со малтешката Општина Л-Исла.

Договорот беше потпишан од страна на градоначалниците на Чаир и Сарај, Висар Ганиу и Блерим Беџети и градоначалникот на Л-Исла, Кливе Пулис.

Градоначалникот Ганиу истакна дека овој договор е насочен кон подобрување на односите помеѓу жителите на овие три општини и креирање и спроведување на програми кои ќе промовираат поцврсти односи меѓу нив, учество во заеднички проекти, инвестиции, но и меѓусебни посета на двете земји.

Тој посочи дека Општина Чаир досега е збратимена со 12 општини од различни држави.

– Проектите ќе бидат од заеднички интерес во областа на локалниот развој, енергетската ефикасност, квалитетот на локалните служби, млади, спорт и образование. Ќе соработуваме во сите овие области, рече Ганиу.

Градоначалникот на малтешката Општина Л-Исла, Кливе Пулис истакна дека соработката на општините во меѓународниот сектор е одлична можност за размена на искуства, промоција на градовите, како и размена на практични искуства во работата.

И градоначалникот Беџети го потенцира задоволството од збратимувањето со Општина Л-Исла и посочи дека соработката е добра за користење на искуствата од Малта на патот на нашата држава кон европските перспективи.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија: Неколку повредени откако автомобил удри во пешаци во Келн

Следно

Српската десница на протест против договорот со Косово

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop