Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ.
Дел од навивачите побараа негова смена, но засега нема да има промена на селекторската позиција.
Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, по натпреварот влегол во соблекувалната и разговарал со фудбалерите и стручниот штаб.
Кустиќ отворено им кажал на репрезентативците дека начинот на кој одиграа против Англија, како и односот кон националниот дрес, биле недозволиви.
Сепак, по критиките следувала и поддршка. Кустиќ им порачал на играчите дека еден катастрофален натпревар не значи дека преку ноќ станале лоши фудбалери. Од нив побарал реакција уште на следниот меч и максимален пристап против Шпанија на „Пољуд“.
Кустиќ ја расчистил и дилемата околу Билиќ. Претседателот на ХНС му дал целосна поддршка на селекторот и потврдил дека во моментов не размислува за негова смена.
Извор: sportmanija.mk

