ПОСНИ КИФЛИЧКИ ЗА СОВРШЕНО УТРО: Ќе бидат свежи со денови, се топат во уста

December 14, 2025
1 min read

Потребно ви е:

За тестото:

500 г брашно
1 коцка квасец
1 кесичка прашок за пециво
2 лажички обична сол
1 лажичка шеќер
100 мл масло
1,5 дл млака кисела вода

Друго:

150 г маргарин
по потреба сусам
по потреба лен

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Растворете го квасецот со шеќер во малку млака кисела вода.

Потоа додадете го квасецот и оставете да се активира.

Додадете го остатокот од млаката кисела вода, масло, сол, дел од брашното просеано со прашок за пециво.

Матете со жица за матење и додавајте го остатокот од брашното малку по малку.

Потоа месете на набрашнета работна површина.

Поделете го тестото на 6 топчиња, покријте ги и оставете ги така половина час.

Поделете го маргаринот од фрижидерот на 5 дела, па развлечете го секое топче.

Изрендајте малку маргарин во секое освен последното, па наредете ги едно врз друго.

Оставете да отстои 15 минути и свртете го делот од тестото што бил одоздола нагоре.

Потоа развлечете го што е можно потенко во круг и исечете го на тесни триаголници, замотајте го и наредете го на плех за печење.

Покријте ги кифличките со крпа и оставете ги да се дуплираат во големина.

Потоа премачкајте го секое со вода и наросете го со семки.

Печете ги кифличките во рерна загреана на 200 степени додека не поруменат.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

,,Капетанот Филипче по стапките на Адмиралот Заев‘‘

Следно

ВИДЕО: Пукотници на позната плажа во Сиднеј, најмалку 10 загинати

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop