„Порака во шише“ до Ахмети виа Груби: „Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира“

December 9, 2024
1 min read

Дали американската амабасада и САД преку ставањето на Црна листа на Груби му испратија јасна и јавна порака „во шише“ и на лидерот nа ДУИ, Али Ахмети?

„Денешното именување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира“, се вели во соопштението на американската амбасада, кое се лиферуваше во исто време додека Али Ахмети држеше прес-конференција пред Уставен суд, вршејќи што друго ако не класичен и непримерен политички притисок за судска одлука и мешање во работата на истиот тој суд.

Дали, со порака меѓу редови, амбасадата му додели една „воспитна“ и на Ахмети, чија десна рака изминатите години беше никој друг туку Артан Груби? Дисциплинирајќи ја „ударната тупаница“ на т.н. Командант, дали САД го кажуваат и својот став околу катадневните најави на ДУИ за дестабилизација, во време кога Македонија се враќа на лидерските економски патеки во регионот (3% раст на БДП во низа)и влегува во забрзана реализација на  дузина државни и локални капитални проекти, излегувајќи од седумгодишната стагнација на секое поле?

Останува вкусот на пораз за Али Ахмети и ДУИ, зато што паралелно со неговата изјава со директни барања до Уставен: „Ние бараме Уставниот суд, ако е навистина Уставен суд кој дели правда, ако е суд кој размислува за демократија во државава, за мир и стабилност, а не е суд кој става бензин врз огнот, да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома“, симултано одеше и соопштението од Амбасадата на САД, во кое се наоѓа и, можеби,  најбитната порака за ДУИ: „…Политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Агелер: Никој не е над законот, денешното назначување е доказ дека политичко мешање во судството не може

Следно

Артан Груби и судијата Енвер Беџети на црната листа на САД

Latest from Blog

Новиот грчки министер за миграции смета дека е во ред да се убиваат мигранти на граница (ВИДЕО)

Танос Плеврис, радикален десничарски пратеник познат по своите забелешки за Аушвиц и убивањето мигранти, е именуван за нов министер за миграција. Тој го наследува Макис Воридис, најистакнатиот функционер кој поднесе оставка во

Илјадници луѓе се собраа на планината Фуџи во Јапонија на почетокот на сезоната на искачување

АНКАРА (АА) – Јапонија денес официјално ја отвори сезоната на искачување на планината Фуџи, проследена со нови мерки за спречување на пренатрупаност и заштита на природата, јавуваат јапонските медиуми, пренесува Анадолу. Најпопуларната
Go toTop