Поради шумски пожар наредена евакуација во канадската провинција Алберта

July 23, 2024
1 min read

Канадските власти по пожарите наредија евакуација на градот Џаспер и Националниот парк Џаспер во провинцијата Алберта.

Евакуацијата е наредена како мерка на претпазливост, бидејќи се претпоставуваше дека огнот за пет часа ќе го зафати и градот Џаспер, што не се случи.

Минатата недела беа евакуирани жителите на три општини поради шумските пожари во северниот дел на Алберта.

Во канадската провинција Британска Колумбија активни се 367 шумски пожари.

На почетокот на овој месец, втората по големина нафтена компанија во Канада „Санкор“ (Suncor), привремено прекина дел од своето производство и ги евакуираше работници од една од своите локации поради пожар.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран заплени танкер во Персискиот Залив поради шверц на гориво

Следно

Ќе смее ли Камала да ги пипне милионите на Бајден?

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop