Иран заплени танкер во Персискиот Залив поради шверц на гориво

July 23, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Корпусот на иранската револуционерна гарда (КИРГ) вчера објави дека запленил танкер со нафта во Персискиот Залив поради наводен шверц на гориво, известува Анадолу.

КИРГ соопшти дека танкерот со нафта пловел под знамето на Того и бил запленет во близина на брегот на Бушер во Југозападен Иран.

Цистерната превезувала 1,5 милиони литри шверцувано гориво.

КИРГ напомена дека запленувањето на танкерот со нафта и неговите 12 члена на екипажот, државјани на Индија и на Шри Ланка, е заснованo врз судска одлука.

Во последните години иранските поморски сили повеќепати запленија бродови со странско знаме во водите на Персискиот Залив поради наводен шверц на гориво или непочитување на поморските правила.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нетанјаху во Вашингтон среде турбулентната претседателска кампања

Следно

Поради шумски пожар наредена евакуација во канадската провинција Алберта

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop