Попов: Држава која не вложува во младите не може да се смета за сериозна држава, УМС подготвува програма за младите луѓе

July 19, 2023
1 min read

Започнавме со нашиот караван за собирање на идеи и предлози за пишување на младинска програма насловена Иднина за сите во Македонија, рече претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов, од Битола на средба со средношколците.

Попов потенцираше дека држава која не вложува во младите не може да се смета за сериозна држава.

Држава кој не вложува во својата иднина односно во средношколците за да ги дообучува и да ги насочи во правилна насока, таа држава не може да се нарече дека е сериозна, рече тој.

Попов истакна дека на 22 и 23 јули во МОБ ќе се одржи саем за млади и ги повика сите млади луѓе да се приклучат на кампањата на УМС, Иднина за сите се со цел да се донесе програма за младите која што ќе биде поблиска до нив.

Јас ја користам оваа прилика да ги повикам сите заинтересирани млади луѓе, средношколците и студентите, спортисти, млади лекари, млади културни работници, да се приклучат на оваа кампања која ја води УМС, Иднина за сите во Македонија и на 22 и 23 јули во МОБ да дојдат на саемот на млади во организација на УМС. И таму идеите кои ќе бидат изложени од нас како УМС, заедно со вас како млади луѓе ќе имаме прилика да ги надградиме, но и да размениме искуства се со цел таа програма да ја направи што поблиска до младите луѓе, порача Попов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО+ФОТО) Гори во западниот дел на Атина, Италија и Франција праќаат авиони за да помогнат во гасењето на пожарите во Грција

Следно

Девет земји со кандидатура за следните европски финалиња на УЕФА

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop