(ВИДЕО+ФОТО) Гори во западниот дел на Атина, Италија и Франција праќаат авиони за да помогнат во гасењето на пожарите во Грција

July 18, 2023
1 min read

Состојбата со пожарите во Грција станува сè подраматична, особено околу главниот град Атина. Во повеќе региони горат домови на локални жители, а пожарникарите спасувале луѓе пред налетот на огнот. Се очекува во Атина да пристигнат и четири канадери од Италија и Франција што ќе помогнат во гасењето

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Шумскиот пожар во Дервенохорија, на границата помеѓу областите Виотија и Атика, брзо се прошири во западниот дел на Атина, доби големи размери и утврдена е материјална штета.

Според портпаролот на противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис, пожарот во поширокото подрачје на Лутраки на Пелопонез сè уште не е ставен под контрола. Тој додаде дека пожарникарите во соработка со полициските сили во повеќе случаи морале да интервенираат во спасување граѓани.

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Првиот пожар, што изби вчера попладне, сега гори во областа Мандра, во западниот дел на областа Атика, на околу 40 километри од центарот на Атина и веќе изгореа домови на локални жители.

„Гардијан“ објави драматични снимки од дрон на кои се гледа што пожарите оставаат зад себе.

Од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на погодените населби или да се евакуираат или да бидат во состојба на готовност.

Паралелно, пожарникарите вечерва водеа битка огнените јазици да не стигнат до рафинеријата што се наоѓа во близина.

Според портпаролот на противпожарната служба на Грција, утре во 13 области има многу висока опасност од пожари најмногу поради метеоролошките услови.

Се очекува во Атина да пристигнат и четири канадери од Италија и Франција кои веројатно утре, штом се раздени, ќе ги засилат воздушните сили во гаснењето на пожарите, со оглед на тоа што авионите и хеликоптерите не интервенираат штом се стемни.

Грчкиот премиер денеска се врати порано од Брисел и присуствуваше на состанок во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита.

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Детето напаѓач од „Рибникар“ се кае за масакрот

Следно

Попов: Држава која не вложува во младите не може да се смета за сериозна држава, УМС подготвува програма за младите луѓе

Latest from Blog

Коњановски: Создаваме услови за нови инвестиции и соработка со Австралија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација за Република Македонија, Питер Трасвел. На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу

Американскиот Балкански трговски центар потпиша договор за стратешко партнерство со Стопанската комора на Илиноис

Американскиот балкански трговски центар (AБTC) официјално потпиша договор за стратешко партнерство со Трговската комора на Илиноис, означувајќи важен нов чекор во мисијата на организацијата за зајакнување на деловните врски и создавање нови

ПАПАМОБИЛ, ДИПЛОМАТИЈА И 15.000 ЛУЃЕ ОД БЕЗБЕДНОСТА: Зад сцената на папската посета на Франција

Папамобил, претходница, протоколи за итна медицинска помош… Секое папско патување бара темелни подготовки – балансирање меѓу дипломатијата, политиката, верата и безбедноста, известува „Франс-прес“ (Agence France-Presse). Папата Лав XIV ќе престојува во Франција

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Економиите мора да се насочат кон долгорочен раст заснован на продуктивност

23 септември 2026 година, Њујорк – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“
Go toTop