Поплавите во Словенија направија штети во висина од неколку милијарди евра

August 8, 2023
1 min read

Катастрофалните поплави предизвикани од силното невреме кое ја зафати Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, додека, пак, материјалните штети се очекува да достигнат неколку милијарди евра, изјави словенечкиот премиер Роберт Голоб

Илјадници словенечки граѓани се евакуирани од нивните домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.

“Штетата ќе изнесува неколку милијарди евра, за ефикасна санација ќе биде потребно „да се направи сè и да се струга секаде каде што е можно“ и да се добијат што повеќе средства од европските фондови и помош од странство“,

рече премиерот Голоб.

Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите вчера почнале да се повлекуваат, но некои области сѐ уште се отсечени. Европската Унија понуди тешки машини и инженерски единици. Словенија, исто така, побара хеликоптери, војници и монтажни мостови од воената алијанса на НАТО. Хрватска и Унгарија помогнаа со хеликоптери, а Германија со тим за цивилна заштита.

Фото: ЕПА

Помош за Словенија најави и С Македонија, а шефот на државата Пендаровски во разговор со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар изразил жалење и сочувство до Словенија и сите нејзини жители за загубите и штетите претрпени во поплавите и искажа подготвеност за помош.

„Словенија е голем пријател на Северна Македонија, дом на многу наши сограѓани, наш сојузник во НАТО, држава со која соработуваме во повеќе процеси и иницијативи, а целиме да имаме и заедничка иднина во рамки на ЕУ. Македонското општество се сеќава на помошта која Словенија ни ја дала во минатото при справување со природни непогоди и ние сме подготвени да помогнеме согласно искажаните потреби од словенечката страна во рамки на нашите можности“,

се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Село гори, Москва оди на Месечината

Следно

ВИДЕО: Познат идентитетот на усмртениот навивач, крвави траги по улиците во Атина

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop