Половина Хавана доби струја

October 22, 2024
1 min read

Потрошувачите во половина од Хавана, главниот град на Куба, денеска добија струја по четиридневниот прекин во целата земја, соопшти електростопанството на кубанската престолнина.

„Околу 50 отсто од клиентите сега имаат струја“, се наведува во извештајот на Електропривреда објавен, што го објави државниот портал за вести Cubadebate.

– Во петокот, 10 милиони жители на островот снемаа струја по падот на најголемата електрана за јаглен во Куба, што ја оштети мрежата, рече Лазаро Гуера, шеф за снабдување со електрична енергија во Министерството за енергетика.

Во саботата претпладне имаше нов дефект во снабдувањето со електрична енергија низ државата.

Пристигнувањето на тропската бура Оскар во неделата навечер ја влоши ситуацијата. Обилните дождови и ветрови погодија милиони Кубанци.

Кубанските власти прогласија „енергетска вонредна состојба“, ја прекинаа наставата во образовните институции и дел од јавните служби.

Откако луѓето излегоа на улиците да протестираат поради прекинот на електричната енергија, кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел рече дека работат на олеснување на ситуацијата, но предупреди дека нема да „дозволат вандалски акти“.

Кубанската влада соопшти дека се очекува струјата да биде вратена во поголемиот дел од земјата до вторник.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција денеска и утре без бродски сообраќај поради штрајк на поморската федерација

Следно

ИЈЗ: Здравствените работници во десетпати поголем ризик од заболување со грип во споредба со општата популација

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop