Полициска акција низ Скопје: Уапсени шест лица, пронајдена дрога

February 15, 2023
1 min read

Полициските службеници вчера имаа акција низ Скопје, при што на различни локации уапсија неколку лица поради дрога.

Најпрво во 20.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 21.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 22.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Потоа во 23.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Следниот случај е регистриран во 01.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(52) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени кафеава грутчеста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Последна реакција е забележана во 04.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, кога полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Хатај, „Градот на толеранцијата“, каде се мешаат езанот и звукот на камбаните, земјотресот оштети и верски објекти

Следно

(ВИДЕО) Земјотресот во Турција преполови село

Latest from Blog

Во Кувајт уапсени 24 лица осомничени за финансирање терористички ентитети

„Безбедносните сили спроведоа операција со која се спречи криминален заговор насочен кон поткопување на безбедноста на земјата и финансирање терористички субјекти и организации“, се вели во пораката од министерството објавена на социјалната

ДПИ проверил над 800 продажни места, извештајот испратен до Министерство за економија

Државниот пазарен инспекторат го доставил извештајот од извршените инспекции до Министерството за економија од кој ќе зависи дали по Велигден ќе има нови мерки против поскапувањата како намалување на ДДВ и ограничување

Елмас и Наполи извлекоа реми кај Парма

Елис Елмас и неговиот тим Наполи, извлекоа бод во ремито на гостински терен против тимот на Парма, во рамките од новото коло од Серија А шампионатот. Иако фаворит, Наполи од самиот старт
Go toTop