„Полиграф“: Кој дезинформираше дека „Австралија Опен“ не ја признава Македонија?

January 24, 2024
1 min read

Кога политиката се меша со спортот, резултатот најчесто е медиумски сензационализам, непрофесионално известување и погрешно информирање на публиката. Таков е случајот со информирањето за наводното непризнавање на Македонија и забраната на државното знаме на познатиот тениски турнир „Австралија Опен“.

На 15 јануари 2024, порталот „Спорт клуб“ објави текст со наслов  „(ФОТО) Срамно: Австралија Опен не ја признава Македонија?“ во кој се сугерира дека тенискиот турнир не ја признавал Македонија, поради тоа што „организаторите донеле правило да се забранат низа знамиња“, и дека „на оваа листа се најде и македонското национално знаме“.

Инаку, целата фама во македонските медиуми уследи по објавата на австралискиот медиум СБС на македонски јазик со наслов: „МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ НА “ЦРНАТА ЛИСТА” НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН?“.

Но, во соопштението на МНР што го пренесоа повеќе медиуми, се истакнува дека „Според организаторот, согласно важечките правила, на трибините за време на натпреварите на турнирот дозволено е да се веат само знамиња на учесниците на натпреварот“.

И директорот на Австралија опен, пред почетокот на турнирот истакна дека на главниот терен ќе биде дозволено да се вејат само знамињата на натпреварувачите.

Освен тоа, на сајтот на „Австралија опен“ може да се види дека државното знаме е составен дел на профилот на тенисерката Лина Ѓорческа од Северна Македонија. И во официјалното видео од нејзиниот натпревар може да се види дека на турнирот била претставена со државното знаме и со кратенката „МКД“.

Токму затоа, тврдењата дека „Австралија Опен“ не ја признава Македонија, и дека државното знаме било забрането на тенискиот турнир, може да се оценат како непоткрепени тврдења и медиумски манипулации.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Овие хороскопски знаци знаат да штедат пари

Следно

Има ли движењето Самоопределување паналбански амбиции?

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop